Добивај вести на Viber
Пред овонеделниот состанок на челниците на американската централна банка (ФЕД) и објавувањето на клучните економски податоци за најголемата светска економија, падна цената на нафтата.
„Претставниците на ФЕД се среќаваат оваа недела, па како и секогаш, сите очи ќе бидат насочени кон нивното соопштение во среда“ - изјавил пазарниот аналитичар на „ЦМЦ Маркет“, Кени Кен, кој посочил дека инвеститорите очекуваат, состанокот да се открие временскиот рок за укинување на монетарната поддршка.
Американската лесна нафта за испорака септември се намали за 45 центи на 104,25 долари за барел, додека цената на еден барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзите во Лондон паднала за осум центи на 107,09 долари.
Поради падот на цената на нафтата, денеска се очекува и Регулаторната комисија за енергетика да ја соопшти новата цена на бензините.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.