Паѓа платформата за онлајн учење: Родители и ученици не можат да се логираат
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2020
Од денеска голем број родители на помалите ученици, но и учениците од погорните одделенија кои се обидуваат да се вклучат на веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење жалат дека не може да се логираат.
Некои пак кои ќе успеат да влезат на платформата преку адресата www.schools.mk, за кусо време го имаат истиот проблем.
-Да се надавеме дека овој проблем ќе го имаме само овие два дена. Можеби се уште се тестира, но ако и понатаму се соочуваме со вакви проблеми, тешко дека ќе имаме успешна настава. Инаку сите треба да се логираме, без разлика што моите две деца ги пријавив за настава со физичко присуство. И нам ни дадоа лозинки, тоа е за секој случај, ако додје до ескалација на состојбата со крона кризата, да може сите ученици да продолжат со образовниот пртоцес онлајн.
Инаку од МОН претходно информираа дека за сите корисници велат дека Единствената национална платформа за онлајн учење е веќе достапна и на неа се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои, како што информираат од Владата, ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата.
А.Б.