05 Декември, 2025
0.0438

Пакет услуги за физички лица од Шпаркасе банка!

Објавено во: Финансии 08 Октомври, 2013 14:55

Добивај вести на Viber

Шпаркасе ја збогатува својата понуда воведувајќи два нови пакета С и М наменети за физички лица. Пакетите им овозможуваат на граѓаните користење повеќе банкарски производи и услуги одеднаш и се наменети за сите физички лица кои имаат или ќе ја префрлат својата трансакциска сметка во Шпаркасе Банка. Пакетите се со одлични услови кои ги задоволуваат потребите на граѓаните, а нивното користење се наплаќа по една единствена цена изразена преку месечен надомест од 50 денари. Банката нуди два вида на пакети, С и М, кои содржат различни видови производи и услуги и граѓаните ќе можат да бираат врз основа на нивните потреби. За С и М пакетите ќе може да се аплицира до 31.03.2014г. ‘‘Секогаш настојуваме да понудиме производи направени по мерка на нашите клиенти и потребите на пазарот. Пакетите за физички лица С и М се наједноставен и најповолен начин за користење на нашите производи и услуги. На едно место, по многу поповолна цена од поединечните цени, одбирајќи С или М пакет, нашите клиенти ќе можат да користат она кое им е најпотребно. Посебна поволност е тоа што сите оние кои ќе се одлучат за пакетот М и се нови корисници на Мастер и Виза картичките,  добиваат каматна стапка од 6% за картичките во првите шест месеци  и можноста за подигање на готовина без провизија на банкоматите на банките членки на Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата. Верувам дека ќе има голем интерест за овој најнов производ на нашата банка‘‘ – изјави г-дин Глигор Бишев, Претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија. За сите дополнителни информации во врска со производите и услугите вклучени во пакетите, обратете се во експозитурите на Шпаркасе Банка или на нејзината веб страна www.sparkasse.mk.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката