27 Јули, 2024
0.0338

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Објавено во: Мои пари 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

На 16 април во хотелот Double Tree by Hilton се одржа традиционалниот Vivax Cool Day 2024 во организација на Паком, членка на М-Сан Групацијата и официјален увозник и претставник на Vivax во Македонија.

Секоја година Скопје е дел од низата ексклузивни Vivax настани на ниво на групацијата, каде што се прави ретроспектива на постигнатите резултати од изминатата година и се презентираат сите нови и возбудливи технолошки иновации кои можеме да ги очекуваме на нашиот пазар.

Оваа година Vivax Cool Day донесе посебно расположение со најавата за претстојниот јубилеј.

„Овој настан е од огромно значење за нас, како и за целатагрупација, особено што оваа година Vivax ќе прослави јубилејни 20 години. Овој настан е најава на активностите кои претстојат во периодот што следи, а ние како тим имаме ексклузивна можност први да се запознаеме со возбудливите енергетски-ефикасни иновации со кои континуирано го подобруваме животот на нашите бројни корисници“ – велат од Паком Македонија.

Од компанијата додаваат дека покрај инспиративноста на сѐ она што иновациите го носат со себе, за нив е најважен фактот што во сржта на Vivax брендот грижата за околината, одржливиот развој и чистата животна средина се императив. ​

Повеќе од 300 гости на Vivax Cool Day 2024 имаа можност да ги проследат трите презентации на кои беа претставени новитетите во Vivax климатизацијата кои допрва ќе го освојат нашиот пазар, VRF системите, сегментот за постпродажба и пристапот кон корисничкото задоволство, односно сѐ она што го прави Vivax омилен бренд на над 100.000 домаќинства.

Покрај инспиративните технолошки новитети, гостите уживаа во стенд ап настапот на актерката Надица Петрова, како и во енергичниот музички настап на Агни Авшар и нејзиниот камерен џез состав. Како и секоја година, најголемите познавачи на брендот според Vivax онлајн квизот освоија посебни награди за признание и сеќавање на овој настан.

Сите активности на еден од најбараните брендови во нашата земја се достапни на социјалните мрежи.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје