19 Декември, 2025
0.0728

Пакомак и ПроКредит Банка во заедничка мисија за почиста животна средина!

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2014 14:55

Добивај вести на Viber

Компанијата Пакомак и ПроКредит Банка потпишаа меморандум за соработка која ќе се одвива во неколку етапи во наредниот период. За почеток, Пакомак преку своите соработници во секоја од 13-те експозитури на ПроКредит Банка во Скопје организираше поставување на картонски корпи за собирање на административна хартија од работењето, која понатаму ќе биде соберена и однесена на рециклирање, а се поставени и кутии за собирање на неважечките кредитни и дебитни картички, како отпад од пластика, кој понатаму може да биде искористен за рециклирање. Со овие активности им се овозможува на вработените на банката и нејзините клиенти да дадат придонес во зачувувањето на животната средина, истовремено поттикнувајќи ги своите клиенти да користат електронско банкарство. Покрај бројните еколошките акции од Пакомак, едукацијата во градинките и училиштата, еко-концертите, повеќе настани ширум Македонија, во декември минатата година веќе традиционално, се одржа настанот „Trash for Art 2013”, чиј партнер беше ПроКредит Банка. „Со оваа соработка, ПроКредит Банка само ја зацврстува својата определба да биде еколошка банка, која се грижи за заштитата на животната средина и која има јасно развиена еколошка стратегија.  Сакаме да дадеме поголем придонес кон поздрава околина. Покрај зелените кредити за енергетска ефикасност за претпријатијата и граѓаните, електронското банкарство и еколошките иницијативи на нашите вработени, преку соработката со Пакомак пренесуваме уште една порака - дека само со еколошко однесување и рециклирање на отпадот, можеме да направиме еколошки чекор напред“, изјави Методија Миноски, координатор за енергетска ефикасност во ПроКредит Банка. „Пакомак“ уште од почетокот на своето работење, преку различни еко-акции и настани сака да ги поттикне и мотивира граѓаните поодговорно да се однесуваат кон амбалажниот отпад кој го создаваат и да создаде навика за селективно собирање на отпадот и негово понатамошно рециклирање. Соработката со ПроКредит Банка е продолжување на ваквите заложби, преку доближувањето до секојдневните активности на граѓаните и интеракцијата со нив во филијалите на банката, се надеваме дека ќе влијаеме на подигнувањето на општата еколошка свест. Пакомак ќе продолжи со својата зелена мисија, а тоа е почиста планета, почист воздух, поздрава храна и почиста животна средина, а за ова да се оствари треба сите и локално да дејствуваме!– изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција