ПАЛЕСТИНЦИТЕ ТВРДАТ ДЕКА БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ Е НАД 15.000: Портпаролот на Министерството Ашраф ал Кидра не го објасни големото зголемување на жртвите
Објавено во: Свет 02 Декември, 2023
Расте црниот биланс во Газа. Во градот загинале над 15.000 луѓе, од кои најголем дел од жртвите се жени и деца.
Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека бројот на загинати во нападите на Израел надмина 15.200 и дека 70 отсто се жени и деца, а повеќе од 40.000 луѓе биле ранети. Претходниот број на загинати беше повеќе од 13.300. Портпаролот на Министерството Ашраф ал Кидра не го објасни остриот скок.
Многу од израелските напади денеска беа во областа Кан Јунис во јужна Газа, каде војската соопшти дека погодила повеќе од 50 цели на Хамас од воздух, копно и море.
Еден ден претходно, израелската армија фрли летоци со кои ги предупреди жителите да си заминат, но нема извештаи за голем број луѓе кои реагирале на предупредувањето, соопштија ОН.
Израелската војска соопшти дека ги засилила нападите на север и погодила повеќе од 400 цели низ Појасот Газа. Палестинската терористичка група Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел.