Палмер доаѓа во Македонија поради Договорот од Преспа
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2018 19:37
Во понеделник во посета на Македонија ќе биде заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер.
Како што информираа од американската амбасадата, тој доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.
Ќе се состане со владини и партиски функционери, вклучително и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Интензивна дипломатска офанзива имавме пред референдумот кога многу политичари како германската канцеларка, Ангела Меркел, австрискиот канцелар, Себастијан Курц и други беа во земјава со порака дека граѓаните треба да го поддржат Договорот од Преспа.Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




