Палмер со порака до ВМРО-ДПМНЕ: Гласајте „За“, нема план Б
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2018 12:23
На три дена пред посетата на Скопје, американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер од Белград ја повика ВМРО-ДПМНЕ да им овозможи на своите пратеници да гласаат за уставни промени по сопствено убедување.
"Нема план Б. Договорот од Преспа треба да се имплементира во Собранието. Оваа историска шанса не смее да се пропушти бидејќи тешко дека во блиска иднина ќе се повтори, порача високиот американскиот дипломат од Белградскиот безбедносен форум.

Палмер очекува Република Северна Македонија, како што вели, наскоро да стане 30 членка на НАТО, а во јуни следната година да ги почне преговорите со Европската Унија.
На прашањето на Фактор со каква порака оди во Скопје, тој рече дека засега ништо нема да коментира. Пораките до македонските политичари за важноста од целосна имплементација Договорот до Грција лично ќе им ги пренесам на лидерите во Скопје, рече Палмер.
Инаку Палмер во Скопје доаѓа во понеделник и за тогаш најверојатно ќе се одложи и гласањето за уставните измени во Собрание.
Од Белград за Фактор: Горазд Чомовски
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




