„Памперс“ целосно ги отфрла заклучоците од истражувањето на „Лав енд грин“
Објавено во: Мои пари 27 Октомври, 2016 14:22
Дел од македонските медиуми изминативе денови објавија текстови врз основа на статија која што на 25 октомври излезе во „Ле паризиен“. Француската публикација сподели делумни резултати од студија која што беше нарачана од „Лав енд грин“, компанија за производство за детски пелени, а не од асоцијацијата „Асеф“, како што беше наведено во текстот.
Со цел јавноста вистинито да се информира, „Памперс“ целосно ги отфрла заклучоците од наведеното истражување. Компанијата уште еднаш потврдува дека не додава ПАХ-состојки (полициклични ароматични хидрокарбонати), спротивно од тоа што е наведено во преземените текстови.
- Сите комппоненти во нашите пелени се строго избрани и оценувани до најситниот детаљ. Тие се во согласност со строгата Европска регулатива Reachкоја што гарантира безбедно производство и користење состојки. Пред нашите производи да излезат на пазарот, тие со исклучителна сериозност клинички се тестираат од научници, експерти и независни педијатри - истакнуваат од „Памперс“.
Од компанијата велат дека за да се заштити бебешката кожа, тенка наслага лосион е вметната во внатрешниот слој на пелените со цел да се намали можноста од осип. Притоа, тие укажуваат дека петролатумот содржан во лосионот во пелените „Памперс“ е прочистен и целосно безбеден за бебињата. Ова е потврдено од докторот и педијатрискиот дерматолог, професор Даниел Хол, поранешен претседател на Европската асоцијација на педијатриска дерматологија.
- Детално го проучив тестирањето за сигурност што „Памперс“ го спроведува и лично потврдувам дека овие производи се совршено безбедни за бебешката кожа. Петролатумот е инертната компонента која не само што секојдневно се употребува во козметиката туку и широко се препорачува од дерматолози и од педијатри за заштита на бебешката кожа - вели д-р Хол.
„Памперс“ уште еднаш истакнува дека состојките на овој лосион се во согласност со европските регулативи за козметика. Истите редовно се проверуваат од европските здравствени институции.
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




