25 Ноември, 2024
0.8926

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОГРАНИЧИ ПАТУВАЊАТА: Aлбанија или Турција, каде преферираат да летуваат Македонците?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Пандемијата  на коронавирусот за македонските граѓани наметна и низа ограничувања за патување, па така македонските туристи сега можат да се упатат на море во Албанија или Турција.

Поради близината голем е интересот за патување во соседна Албанија.

Високиот број на заразени од Ковид – 19 придонесе многу земји да ги спуштат граничните рампи за Македонците.

Веќе е реализиран и  првиот чартер за Турција, потврдува Ивона Јакимовска, Раководител на Сектор Туристички Агенции при СКТМ.

Нивните заложби се во насока на приспособување кон Протоколите кои ги имаат странските држави, земајќи го в предвид нивниот пример, особено на тие кои постепено веќе ги отвараат границите како и нивното вршење на туристичката дејност и активности. Ова е во согласност генерално со насоките на Светската здравствена организација и Светската туристичка организација.

„Важноста на посетите на странските туристи во овој сектор е еднакво значајна како и домашните туристи и со оглед на целокупната ситуација на локално и глобално ниво, за жал, нивната посета на одредени дестинации е ограничена. Но, со надеваме дека во скоро време туристичките агенции како и секогаш ќе се изборат во остварување на првостепено животната егзистенција, а потоа и реализација на долго очекуваниот годишен одмор и празнични патувања  кај населението. Поточно, кога велиме каде може да се отпатува на годишен одмор за ова лето, тоа се засега две дестинации: Турција и Албанија. Како раководител на Секторот Туристички Агенции при СКТМ, а базирајќи се на анализите и бројките на наши туристи - веќе е реализиран и  првиот чартер за Р.Турција во познатите летувалишта Анталија, Кемер, Белек, Аланија, Сиде и излезноста на патници е околу 200 кои отпатувале преку ТА Саватурс, а во соработка со повеќе Туристички Агенции - членки на СКТМ. Кога велиме за Албанија како наш сосед, самата близина,  предизвика голема заинтересираност кај патниците и со тоа првата група се реализира преку ТА Камелија Турс во соработка со повеќе Туристички Агенции во познатите места Валона, Саранда и Ксамил“, вели Јакимовска.

И оваа година не изостана интересот за летување во Грција, Црна Гора и Египет, но се очекува нормализирање на состојбата со пандемијата.

„Повеќето агенции имаат закуп на неколку  локации во Грција-апартмани и хотели. Се надеваат за нивна брза искористеност и се во очекување  оваа криза на глобално ниво да се намали, како би можело барем и покрај неизвесноста во време на пандемијата, полека, но сигурно сите досега преземени мерки и барања да дадат резултати кои би воделе кон еден нов почеток и нормален тек на активностите во туристичкиот сектор и вршењето на туристичката дејност. Вкусовите на бараност за најпосетени летувалишта се од различни категории. Имено, како што и  ви напоменав и претходно споменатите дестинации: Грција: летувалишта краците на Халкидики, Островите и Јонски брег, Албанија- Ксамил и Валона, Египет-Хургада, Турција-Аланија и Црна Гора - Будва. И секако најполуларната дестинација за млади – Шпанија. Но, не смееме да ја изоставиме и Македонија – Кампањата Користете домашни производи“, додава Јакимовска.

Од 18 март годинава, кога беше прогласена вонредна состојба, работите во туризмот драстично се сменија. Луѓето кои работат во овој сектор се соочуваат со многу предизвици, но и на тест е ставена и нивната креативност.

„Од почетокот на март годинава, туризмот веќе трпи огромни загуби во повеќе сегменти и во домашниот туризам и во странскиот туризам. Потребен ќе биде подолг период за да Туристичките Агенции се повратат од оваа глобална криза. Би додала дека неумоливо се бориме во тешки услови да го сочуваме она што долги години  макотрпно сме го граделе и создавале и апелирам и понатаму да се почитуваат мерките на Владата за заштита на општото јавно здравје на граѓаните. Сите ние да дадеме свој придонес во зачувувањето на здравјето и безбедноста за сите ние активно да продолжиме да ја вршиме својата дејност и да обезбедиме натамошен раст и развој на стопанството, економијата и останатите нестопански дејности во нашата земја“, рече Јакимовска.

Таа ги оценува како корисни сите пакет мерки преземени досега од Владата, а оние кои ќе бидат донесени  понатаму  да бидат изготвени во координација со Туристичкиот Сектор за да му се помогне да излезе од кризата во услови на пандемија.  

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик