24 Јануари, 2025
0.0283

ПАНИКА МЕЃУ ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ТВРДАТ ДЕКА НЕМА ДА ИМ СЕ ПРОДОЛЖУВААТ АВТОБУСКИТЕ БИЛЕТИ: Кушовски негира

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

На социјаните мрежи веќе наголемо се шири панична вест помеѓу пензионерите, дека ЈСП повеќе нема да им ги продолжува пензионерите билети.

„Во автобусот на ЈСП на Автобуска станица, ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ПРОДОЛЖУВААТ АВТОБУСКИТЕ КАРТИ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ. ОД НОВА ГОДИНА НЕМА ДА ВАЖАТ!!!“, вели една членка на групата Стари скопјани.


На тврдењето дека ова е дезинформација, истата членка реагира дека со свои очи видела: Ова не е "дезинформација, слушна во бус" ЈАС лично ја видов! Проверете: на вратата на автобусчето каде што се продолжуваат авт.карти - стои истото соопштение, напишано со крупни црвени букви!!!

„Точно, во автобусот на ЈСП на Железничка станица НЕ СЕ продолжуваат автобуските карти за пензионерите“, вели друг член кој се надоврза на постот.

„Пробајте да ги продолжите кај Капитол и ќе ви одговорат дека не ги продолжуваат веќе. Одбиен сум“, вели друг член на групата.

Фактор се јави кај директорот на ЈСП, Драги Кушовски да провери дали информацијата е точна.

Тој вели дека можеби во моментот не можеле да извадат.

„Билетите важат до крајот на годината. Од нова година ќе важат нови. Можеби во  моментот не можеле да ги продолжат, не би можел ништо да коментирам понатаму“, рече тој за Фактор.

Пензионерите на располагање имаат месечен билет за 300 денари, кој важи за сите линии и релации во Скопје.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел

„НА РАБОТНИКОТ НИКОЈ НА МУ ПЛАЌА ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Мециновиќ вели Собранието со претвара во Зоолошка кога ќе се спомене темата

„НА РАБОТНИКОТ НИКОЈ НА МУ ПЛАЌА ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Мециновиќ вели Собранието со претвара во Зоолошка кога ќе се спомене темата

Почина проф. д-р Васил Мицевски – истакнат физичар и долгогодишен професор на ПМФ

Почина проф. д-р Васил Мицевски – истакнат физичар и долгогодишен професор на ПМФ

Еко-автобусите што ни ги донираше ЕУ два месеци се во гаража и не се користат

Еко-автобусите што ни ги донираше ЕУ два месеци се во гаража и не се користат

Две деца на кислородна поддршка во „Козле“

Две деца на кислородна поддршка во „Козле“

„СРЕЌНО, ВРЕМЕ Е ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ!“: ДУИ вели дека имаат двојно поголема поддршка од сите албански партии - „оваа влада нема легитимитет“

„СРЕЌНО, ВРЕМЕ Е ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ!“: ДУИ вели дека имаат двојно поголема поддршка од сите албански партии - „оваа влада нема легитимитет“

„НЕМА ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ, ОД ВАШИНГТОН И ЊУЈОРК ДИРЕКТНО ВО СКОПСКИ ПЕТРОВЕЦ“! Мицкоски се врати и веднаш се фати за работа

„НЕМА ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ, ОД ВАШИНГТОН И ЊУЈОРК ДИРЕКТНО ВО СКОПСКИ ПЕТРОВЕЦ“! Мицкоски се врати и веднаш се фати за работа