18 Декември, 2025
0.1057

ПАНТЕЛЕОН ГС ЈА КУПУВА ЗГРАДАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА? Понудивме 5,37 милиони евра - се очекува одобрување од Собранието на доверители

Објавено во: Финансии 16 Март, 2023 13:12

Добивај вести на Viber

На третата по ред електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка понудата на компанијата Пантелеон ГС беше избрана за најдобра. 

Сега останува во следните денови стечајниот управник и собранието на доверители да го потврдат купопродажниот процес.

Пантелеон ГС со цел да понуди реална цена ангажираше независна интернационална ревизорска куќа РСМ Македонија. Ревизорската процена беше направена во декември 2022 година во присуство на претставник од стечајниот управник, а по стандардизирана методологија за евалуација на недвижен имот, соглано законски усвоена методологија, професионално и непристрасно почитувајќи го кодексот на етика.

Објектот вклучува 1.977 м2 канцелариски простор, 1512 м2 под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места, или вкупна површина од 3.489 квадратни метри. Објектот ревизорската куќа РСМ Македонија го процени на 5,3 милиони евра, додека износот кој Пантелеон ГС  го понуди изнесува 330 милиони денари.

Објектот не се продава парцијално туку целосно.

При процената е земена во предвид  годината на градба на овој објект, и калкулирана е амортизациона стапка од 25 отсто поради напуштеност од употреба и несоодветно тековно одржување во последните две години откако објектот е под стечај.

„Пантелеон ГС е брзо растечка македонска аутсорсинг компанија која работи за компании на американскиот пазар. Компанија со амбициозни планови за раст и развој, која во најскоро време сака и да го удвои бројот на вработени кој во моментов брои околу 100-тина талентирани македонци. Како респектабилна компанија со објавување на оваа наша намера сакаме да покажеме транспарентност во целиот овој процес, да ги покажеме нашите планови за развој, за нови вработувања од што интерес ќе има и македонската економија“, велат од компанијата.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра