06 Декември, 2025
0.0374

Папата повика да се забрза дистрибуцијата на вакцини

Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Април, 2021 14:07

Добивај вести на Viber

Она што е најскандалозно, вооружените конфликти не престанаа, а воените арсенали се зајакнуваат, изјави папата Фрањо. 

Тој ги повика државите во својата традиционална велигденска порака да ја забрзаат дистрибуцијата на вакцини против ковид-19, особено за сиромашните земји. Рече дека е скандалозно да се купува оружје во време на пандемија. Втора година по ред, тој ја одржа велигденската служба пред мал број луѓе на секундарниот олтар во базиликата Свети Петар, место пред голема маса народ во црквата и на плоштадот во Ватикан.

„Пандемијата и натаму се шири, додека економските и социјални кризи остануваат сериозни, особено за сиромашните“, порача папата.

Место пред 100.000 луѓе на плоштадот Свети Петар, тој се обрати пред помалку од 200 присутни. Плоштадот денеска беше празен, откако Италија воведе тридневен национален карантин за Велигден. Целата држава е прогласена за црвена зона помеѓу 3 и 5 април, бидејќи владата во Рим сака да ги ограничи контактите за време на празниците. Италија, земја со 60 милиони жители, има  110.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

foto Reuters

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви

(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?