Парадоксално, но вистинито: Србија започна со вакцинирањето, а Холандија се уште чека
Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Јануари, 2021
Звучи парадоксално, но сепак е вистинито. Србија е дел од Западен Балкан и веќе го започна вакцинирањето против Ковид-19, додека Холандија е една од најразвиените европски земји но се уште е единствената членка на ЕУ која не пристапила кон имунизацијата.
На 24 декември српската премиерка Ана Брнабиќ пред телевизиските камери беше првата граѓанка на оваа балканска земја што ја прими вакцината во белградскиот институт за вирологија Торлак.. По неа следуваа министерката за здравство Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ и главниот српски вируолог Предраг Кон.
Од утреВо понеделник дополнителни 16 000 дози од вакцината на Бионтек/Фајзер се очекува да пристигнат во Србија. Вакцинацијата против коронавирусот инаку на крајот на декември продолжи во домови за стари лица во Белград и во Нови Сад, каде беа испорачани 150 односно 100 вакцини.
Холандија дури од следната недела ќе започне со вакцинирање на здравствените работници и тоа под притисок на јавноста. Иако земјите-членки на ЕУ уште минатиот месец започнаа со вбризгување на дозите, Холандија е единствената земја-членка на ЕУ која сè уште не започнала со вакцинација.
Политиката на холандската влада е вакцинацијата да се одвива непречено и динамиката да се одвива без нарушување на програмата. Холандија веќе има 175.000 дози складирани на истокот на земјата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.