ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ВРАЌАМЕ И ДО 2040 ГОДИНА - издадени се две државни обврзници, ова се деталите
Објавено во: Финансии 04 Јуни, 2025 11:40
Нови државни задолжувања, нови државни обврзници котираат на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Издедени се две државни обврзници, на вкупна сума од 29 милиони евра.
Станува збор за една тригодишна обврзница, со кои државата се задолжи за 10 милиони евра, како и за една 15 годишна државна обврзница со која задолжувањето на државата кон домашните кредитори изнесува 29,2 милиони евра.
„Ве известуваме дека согласно барањето од страна на Министерството за финансии за котација на државни обврзници, почнувајќи од 04 јуни годинава на Официјалниот пазар на потсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државни обврзници“, се вели во објавата од Македонската берза.
Во првиот случај станува збор за тригодишна државна обврзница без девизна клаузула, на сума од 9,9 милиони евра, чии датум на издавање е 22 мај годинава, а доспевањето е на истиот датум во 2028 година. Нејзината каматна стапка, бидејќи е рокот пократок, е 3,4 отсто.
Втората обврзница, пак, е на сума од 29,2 милиони евра, и таа е исто така без девизна клаузула. Овие пари што ги позајмува државата ќе се враќаат се до 22 мај 2040 година, а на обврзницата, бидејќи е подолга рочноста, ќе се плати камата од 5,1 отсто.
Како што е познато, домашни кредитори се домашните банки, инвестициски и пензиски фондови, практично сите кои имаат слободни средства кои треба да се чуваат на безбедно за соодветна камтана стапка.
Кога државата се позајмува преку вакви државни обврзници, најчесто веднаш после тоа со овие пари се исплаќаат обврски за претходно издадени обврзници.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




