ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ВРАТИМЕ ДУРИ ВО 2040 ГОДИНА - издадена нова 15 годишна државна обврзница на сума од над 54 милиони евра
Објавено во: Финансии 17 Јануари, 2025 08:20
Ново државно задолжување на подолг рок. Владата издаде државна обврзница на сума од над 54 милиони евра, а за која парите ќе се вратат после 15 години.
И, за ова задолжување ќе се плати причично висока годишна камата, од 5,6 проценти.
Македонската берза за долгорочни хартии од вредност извести дека од вчера на официјалниот берзански пазар почнуваат да котираат две државни обврзници, кои државата ги издала пред неколку дена.
Многу повисоката сума е предодредена за 15 годишната обврзница, која изнесува 54,3 милиони евра.
Станува збор за државна обврзница без девизна клаузула.
Датумот на издавање бил на 10 јануари оваа година, а парите тгреба целосно да се вратат на 10 јануари 2040 година.
За овие пари домашните кредитори, како што се главно домашните банки, но и пензиските и инвестициските фондови, ќе си наплатат одлична камата од 5,6 проценти.
На ова ниово од 5,6 отсто се одржува подолг период каматната стапка за подолгорочните државни обврзници од 15 години. Ова е од причина што долгиот рок за враќање прави да се зголемува ризикот, а со тоа и каматата која ја наплаќаат домашните кредитори.
Инаку, државата на 10 јануари издала уште една обврзница, на сума од околу 12 милиони евра, а и таа од вчера ќе котира на македонскиот пазар на капитал.
Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, чии датум на издавање е 10 јануари оваа година, а парите треба да се вратат на истиот датум, но во 2028 година. Значи, издадена е тригодишна државна обврзница, па поради понискиот рок, каматата е 3,95 проценти, односно нешто помала.
На крајот на третиот квартал минатата година земјава имала вкупен јавен долг од 8,48 милијарди евра, што претставува 56,9 отсто од бруто домашниот производ, а што е под Мастришкиот критериум на Европската унија, кој изнесува 60 проценти.
Додека, пак, внатрешниот јавен долг на земајава на крајот на септември минатата година достигнал 3,546 милијарди евра, што во однос на три месеци претходно било зголемување за 106 милиони евра.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





