19 Декември, 2025
0.0722

Партиите со меѓусебни обвинувања за анкетните листови

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2017 19:48

Добивај вести на Viber

Пратеникот и министер Никола Поповски поднел два различни анкетни листови, реагира Петре Шилегов од СДСМ.

Тој посочи дека информациите во анкетните листови на министерот Поповски и пратеникот Поповски не се совпаѓаат,  а истото се однесува и за имотот кој е на име на неговата сопруга. 

„Министерот Поповски има стан во Брисел од 13 милиони и 800 илјади денари. Пратеникот Поповски има стан во Брисел од 14 милиони денари. Министерот Поповски има ауди од 900 илјади денари. Пратеникот Поповски има ауди од 860 илјади денари. Сопругата на пратеник Поповски има за 10.000 евра поголеми заштеди во Белгија од сопругата на министерот Поповски. Исто така пратеникот Поповски има поголеми заштеди од министерот Поповски во Стопанска банка, за 2.300 евра, има 100.000 денари на трансакциската сметка и има намален кредит“- вели Шилегов.

Попоски ги оцени ставовите на Шилегов како манупулации и лаги затоа што првиот анкетен лист го поднел во 2014 година, додека вториот во 2017 година. Тој објаснува дека разликата во вредноста на станот од 200.000 денари за период од три години се должи на промените на вредноста на пазарот на недвижности во Белгија.

Шилегов изјави дека анкетните листови за имотната состојба на само 4-ца функционери од ВМРО-ДПМНЕ сами по себе говорат за тоа, како што вели, „во каков апсурд криминалната власт го доведе функционирањето на државата и на институциите“. Шилегов најави дека против четворица функционери вклучувајќи го и премиерот Емил Димитриев, СДСМ ќе поднесе кривични пријави.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат како Шилегов успеал во изминативе две години да заработува по 100.000 евра годишно. Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдува новиот анкетен лист на Шилегов во кој пријавува три нови станови на име на сопругата.

Можеби ќе ве интересира

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир