Партизанска полигон за дивеење на возила и мотори: Три лица повредени синоќа во една сообраќајка
Објавено во: Македонија 25 Август, 2020 06:46
Tри лица беа повредени во сообраќајка што се случи синоќа на крстосницата на булевар „Партизански одреди“ и булевар „8 Сетември“ во Скопје. Полицијата соопшти дека во сообраќајната незгода учествувале три возила Мерцедес, Хонда и БМВ, сите со скопски регистарски таблици.
Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а еден во болницата „Свети Наум Охридски“.
На булеварот Партизански одреди речиси секоја вечер има сообраќајни незгоди. Граѓаните кои живеат таму се жалат, ама и барат реакција од надлежните. Да се најде начин да се запре брзото возење, впрочем полицијата ревносно да се занимава со тоа и да се почитува законот и ограничувањата. Пред извесно време беше соопштено дека имало дури и трки со мотори кои беа санкционирани
„Со беснилото и несовесното однесување зад волан што се случува на „Партизански одреди“ сериозно треба да се позанимаваат полицијата, судовите, психолозите, медиумите и многу други. Убијци и камикази на секој чекор! Не е ова тема за сервисно информирање, не е ова вест што има нула употребна вредност, како многу други. Ова е тема за проучување и длабински анализи.
Најмал проблем е да се утврди нивото на сообраќајна култура, а најголем е да се смени тоа ниво. Законот служи да се почитува, но како да се почитува кога не се знае што е сообраќајот и какви се неговите правила!?! Досега слободно владее законот на појакиот, напиша синоќа на Марина Тунева, Совет на етика во медиумите.
Фото архиваА.Т.Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




