18 Декември, 2025
0.5882

Павле Трајанов: Албанците се само 20 отсто во Македонија, нивните лидери треба да превземат одговорност

Објавено во: Македонија 31 Март, 2022 10:33

Добивај вести на Viber

Според Павле Трајанов, претседателот на Демократски сојуз, околу 90 отсто од 132.269 граѓани кои не биле попишани како резидентно население, што претставува 7,3 отсто од вкупниот број евидентирани 1.836.713 лица, се етнички Македонци. Според анализата на неговата партија, Трајанов во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 вели дека излегува дека Албанците во Македонија ги има само 20 отсто и за тоа одговорност треба да превземат нивните политички лидери.

- Се радуваа на тоа што успеале 30 отсто да презентираат дека се Албанци.  Но, ако 90 отсто се Македонци од оние околу 130.000 непопишани, тогаш колку ќе биде процентот на Албанци? Ќе биде околу 20 отсто, правевме анализа, но не треба да се радуваме на тоа. Албанците ги имаат сите права. Која е одговорноста на алабанскиот политички врв нивните граѓани што се иселиле од Македонија, Донесоа ли они фабрики да работат младите, да има единствено и меѓусебно разбирање меѓу сите граѓани?, прашува Трајанов.

Според Трајанов голема грешка е и вградувањето на нерезидентно население во пописот, бидејќи демографски политики не може да се водат со иселеници. 

- Нерезидентните да се тргнат и да се направи екепсертска група за да ги проучи компаративните податоци и да направи анализа на пописот. Вака ако го запечатиме пописот, ќе избива екестремизам и национализам, кој не ни е потребен во овие турбулентни времиња, нагласува тој.

Трајанов рече дека неговата парија имала инсајдерски информации уште за време на статистичката операција дека Македонци не сакаат да се попишат и дека пописот нема да биде одраз на фактичката состојба. Дополнителен проблем ќе биде и тоа што Бугарија ќе има уште еден мотив да ја блокира Македонија во евроинтеграциите.

- Пописот го користат да ја блокираат повторно Македонија Пописот ќе се политизира и ќе биде на штета на националните интереси. Сега Владата треба да излезе и да признае дека има пропусти кои треба да се коригираат, изјави Трајанов.

Од вкупниот број попишани резидентни жители, 58,44 отсто се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци. Како Бугари се изјасниле 3.504 лица, што е 0,19 отсто од вкупното резидентно население. Од вкупно попишаното население, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија