Пекабеско со нови намалени цени за потрошувачите
Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2015 14:11
Пекабеско ги намали цените на своите производи на сите продажни места во просек за 15 проценти а оваа акција ќе трае до 15 Март годинава.
„Како компанија секогаш се трудиме да возвратиме на довербата и лојалноста која ни ја даваат потрошувачите, купувајќи ги производите на Пекабеско.
Свесни сме дека околу новогодишните празници граѓаните имаа големи трошоци, па сметаме дека сега е вистинско време за оваа промотивна акција која покрај во нашата земја, ќе важи и за потрошувачите од Србија, Косово, Црна Гора и БиХ.“, изјавија од Пекабеско.
Ова е втор пат како компанијата организира ваква акција по Новогодишните празници. Минатата година Пекабеско ги намали цените на своите производи за 10 проценти.
Нашиот најголем производител во сувомесната индустрија го прошири својот производствен капацитет преку отворање на нов Производствено – логистички центар кон крајот на 2012 година. Ова инвестиција беше вредна 13 милиони Евра и придонесе за отворање на нови 100 работни места.
„Првата година по инвестицијата, производството се зголеми за 70 проценти, а минатата година за дополнителни 40 проценти.
Затоа Пекабеско денес брои 430 вработени, а постојано сме отворени за нови вработувања.“, велат од компанијата.
Изминатата 2014 година Пекабеско оствари рекорден извоз во висина од речиси 7 милиони Евра.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




