02 Ноември, 2024
0.0664

ПЕКО ќе преживее ако продаде 100 илјади пара чевли

Објавено во: Балкан 17 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Словенечкиот производител за обувки ПЕКО може да преживее само ако успее да продаде до крајот на годината 100.000 пара чевли. Со реструктуирањето за спас на компанијата е предвидена и продажба на недвижниот имот во Словенија, Хрватска и Србија. Словенечката фабрика за чевли, која, најверојатно, ќе ја заврши годината со минусно салдо, минатата недела по враќањето на вработените од колективен одмор, започна со имплементација на мерки кои треба помогнат за излез од кризата, продолжување на производството и опстанокот на фирмата, пренесува хрватски „Пословни дневник“. Од 360 вработени , 50 ќе бидат отпуштени од работа, но нема да останат на улица. Ако ја прифатат понудата, бидејќи станува збор за вработени во администрацијата, ќе може да ја продолжат својата работа во сестринската фирма PGP Inde, која е еден од најголемите производители од полиуретански ѓонови во Европа, каде о покрај кризата расте побарувачката. Намалување на бројот на вработени, продажбата  на имотот но и соработката со италијански дизајнери и намалувањето на трошоците, се дел од рамката за реструктуирање на ПЕКО. Словенечкиот производител на чевли на домашниот пазар има 26 продавници, 18 во Србија, 10  во Македонија, во  Хрватска  54, во кои има 250 вработени и годишен приход од околу 140 милиони куни (18.55 милиони евра). Имотот на ПЕКО во Хрватска се проценува на 15 милиони куни.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места