21 Мај, 2024
0.0283

ПЕНДАРОВСКИ СЕ ОБРАЌА НА ПЛАДНЕ: ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува во салата

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски денеска во 12 часот ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Според информациите пратеничкат агрупа на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на обраќањето.

Пендаровски треба да даде свој осврт за актуелните случувања во изминатиот период и за очекувањата во следната година. А оваа година тој на пратениците ќе им се обрати во момент кога е во тек формирање нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето, со ветување на новата Влада во Софија на Кирил Петков дека процесот ќе стане попрагматичен.

Пендаровски не поддржува предвремени избори. Според него многу тешко ќе се дојде до 61 глас во Парламентот за тој да се самораспушти и да се оди на предвремени избори. Во гостувањето на „Топ тема“ на телевизија Телма минатата недела, коментирајќи го барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени избори рече дека на државата и недостига период без избори.

– Ако има 61 глас, ќе одиме на избори. Се разбира дека демократски донесена одлука треба да се почитува. Но, факт е дека имавме 5-6 изборни циклуси во седум/осум години наназад и факт е дека на државата и недостасува период без избори, во кој треба да видиме што новите луѓе во новата Влада после Нова Година можат да придонесат, истакна Пендаровски.

Според најавите, денеска по обраќањето на Пендаровски, премиерот Зоран заев ќе ја поднесе оставката, а претседателот ќе му го ддоели мандатот на новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитрар Ковачевски.

 Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.


Можеби ќе ве интересира

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“