Пензија на 1-ви, нов пакет за пензионери на Шпаркасе Банка
Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2016 10:24
Шпаркасе Банка на пазарот го претстави својот најнов пакет услуги наменет за сите пензионери, корисници на услугите на Банката. Имено, станува збор за пакет со кој пензионерите ќе добијат низа предности и поволности, меѓу кои главна предност е подигнувањето пензија редовно на првиот ден од месецот, со што ќе можат практично и навремено да управуваат со своите средства. Доколку првиот ден од месецот е неработен ден, пензијата ќе биде исплатена претходниот работен ден.
Пакетот за пензионери на Шпаркасе Банка нуди низа предности, креирани специјално за потребите на оваа група граѓани. Покрај редовната исплата на пензијата секој 1-ви од месецот, пензионерите добиваат и можност за подигнување потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 7% во првата година, максимален износ до 300.000 МКД и вклучена Полиса за животно осигурување, како и бесплатен траен налог за подмирување на обврските кон Банката од земениот кредит. Корисниците на пензионерскиот пакет добиваат трансакциска сметка и дебитна картичка на Шпаркасе Банка, со дозволено пречекорување со промотивна каматна стапка од 6% во првите 12 месеци, а ја добиваат и услугата Електронско банкарство без надомест за користење. Покрај тоа, пензионерите корисници на овој пакет ги добиваат и следните предности - во случај на осигуран настан, осигурителното друштво ги презема обврските на кредитокорисникот, како и едноставен начин на плаќање на премијата за животното осигурување. Дополнително, во случај на предвремено затворање на кредитот, осигурителната полиса се предава на клиентот.
Пакетот за пензионери на Шпаркасе Банка им е достапен на сите пензионери што ќе аплицираат за оваа услуга. Апликацијата е лесна и едноставна, а предностите на пакетот се многубројни. За оваа, како и за другите услуги на Шпаркасе Банка, клиентите може да се обратат во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




