15 Мај, 2024
0.0285

ПЕНЗИЈА: Со колку пари ќе располагате во вашите златни години?

Објавено во: Финансии 05 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Никогаш не е рано да започнете да размислувате ефикасно на оваа тема. Всушност, што побрзо се инволвирате во градењето планови за вашите пензиски денови, толку е поголема веројатноста да ги дочекате во мир и спокој.  Без разлика, дали сте во вашите триесети или четириесети години, бидете сигурни дека ова е идеалното време да почнете да замислувате како би сакале да ги поминете сите оние слободни денови, за кои денес толку многу мечтаете. Пред сè, потребно е да сте запознаени со сите начини за зголемување на вашата пензија уште додека ја градите кариерата. Во Македонија, уште од првиот ден кога ќе стапите во работен однос, вие по автоматизам ќе станете член на пензискиот систем. Од вашата бруто плата ќе се издвојат  18% придонеси за пензиско осигурување, при што, 12% од нив се уплатуваат во Фондот за ПИОМ-Прв столб, а 6% во еден од двата задолжителни приватни пензиски фондови (Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд и КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд-Скопје),  на индивидуалната пензиска сметка. Постои исто така и доброволен Трет столб,  во кој, можете да уплаќате  средства, при тоа, немајќи никаква обврска за редовност или висина на уплатите.  На овој начин, вие ќе допринесете вашата пензиска заштеда во иднина да биде уште поголема, благодарејќи на дополнителните уплати потпомогнати со даночни стимулации од државата. На овој начин, вие можете да бидете спокојни дека, додека секој месец ја заработувате вашата редовна плата, еден дел од средствата ги штедите во фондови кои за време на пензионерските денови ќе ви овозможат пристојна старост за вас и вашите најблиски. Пензиските друштва најмалку еднаш годишно во писмена форма (во плик со зелена боја) или во електронска форма ќе ви достават годишен извештај за пензиската заштеда доколку сте дел од задолжителниот или доброволниот пензиски фонд. Но, за да добивате точни и навремени доставувања на редовните годишни известувања, од особена важност е вашите лични податоци во Регистарот на членови да бидат целосно точни и навремено ажурирани. Ажурирајте ги податоците во некое продажно место на пензиските друштва во писмена форма или преку интернет страниците на „НЛБ Нов пензиски фонд“ или „КБ Прво пензиско друштво“, односно на веб страницата на пензиското друштво каде сте пријавени. При ажурирањето на личните податоци, можете да побарате вашите годишни извештаи за пензиска заштеда да ги добивате по електронски пат, за што во Барањето за ажурирање на лични податоци и во формуларот за избор на начин на известување треба да внесете и ваша активна е-меил адреса. И двете пензиски друштва нудат можност за oнлајн ажурирање/корекција на личните податоци, а тука се и современите начини на комуникација кои овозможуваат секој заинтересиран член во било кое време да пристапи до својата лична сметка со свое корисничко име и лозинка на интернет страните на пензиските друштва. Треба да се знае и дека друштвата за управување со пензиски фондови креираат стратегија за инвестирање преку која имаат намера да го максимизираат приносот на инвестираните средства на осигурениците, притоа водејќи сметка за максимално минимизирање на ризикот. Се инвестира во акции од реномирани домашни и странски компании, водејќи сметка за сигурноста, ликвидноста и диверзификацијата на инвестираните средства и сето тоа во согласност со законската регулатива која го регулира работењето на фондовите.   Работењето на пензиските фоднови е под контрола на МАПАС (Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување), но и од посебни работни единици формирани од  пензиските друштва за управување со ризиците како пазарниот ризик, кредитниот ризик, ликвидносниот ризик итн, каде овие ризици се дневно мониторирани и од кои ако произлегува укажување за зголемување на одреден ризик се даваат препораки за нивно намалување или целосно елиминирање. Инвестираните средства имаат висока стапка на сигурност бидејќи се чуваат кај банки чувари на имотот кои се одговорни имотот на пензиските фондови да се води на посебни старателски сметки во домашни и странски институции и да не влегува во имотот на Друштвата за управување со пензиски фондови, туку средствата се во сопственост на членовите на пензиските фондови според уделите кои ги имаат на своите сметки.   Колку побрзо започнете да ги планирате вашите „Златните години“ дотолку повеќе ќе можете да си ги остварите сопствените желби и замисли за  време на третото доба. Затоа започнете уште денес да размислувате не само за она што ве очекува во блиската иднина туку и периодот на пензионирањето кое можеби се чини денес многу далеку. Но, во тоа е предноста и тајната за креирање и остварување на солиден план.

Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка