Пензиските друштва ќе го посетат Архитектонскиот факултет со садници за деветтиот „Пензиски парк“ и награди за студентите
Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2022 11:01
Во четврток, на 27 октомври, пензиските друштва ќе го одбележат крајот на овогодинешните активности во рамки на кампањата „Засади желба, за поубава иднина“ со садење во дворот на Архитектонскиот факултет во Скопје и награди за студентите со најдобро решение за дизајн на „Пензиски парк“.
„Од самиот почеток на кампањата се трудиме едукацијата за пензиските фондови и обезбедувањето на поубава иднина да ја изведеме со што е можно поголема вклученост на младите и среќни сме што успеавме во тоа. Покрај активното учество на средношколците во садењето и одржувањето на „Пензиските паркови“, одлучивме да ги вклучиме и студентите кои можат да дадат уште поголем придонес со креирање на концепти за поголем зелен простор кој ќе биде од корист за сите нас. Во оваа фаза зборуваме за организација на имагинарна површина, која во иднина ќе се обидеме да ја претвориме во убава реалност.“ – велат од пензиските друштва.
Покрај деветте „Пензиски паркови“, со кампањата „Засади желба, за поубава иднина“ која започна во октомври минатата година, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје организираа и награден конкурс за студентите од Архитектонскиот факултет и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“. Нивна задача беше да дизајнираат зелен простор со имагинарна површина од 5.000 квадратни метри во кој корисниците ќе можат да го поминуваат своето слободно време за релаксација и социјализација. Предложените решенија треба да содржат садници од видовите даб, црвена слива, горски и шарен јавор, како и урбана опрема која ќе ги задоволи потребите на корисниците.
Доставените цртежи ќе бидат изложени утре, на 27 октомври, во холот на Архитектонскиот факултет, каде жири комисијата ќе избере победници. Трите најкреативни концепти ќе бидат наградени од пензиските друштва со таблети за цртање, за кои како што велат, веруваат дека ќе бидат извор на уште многу вакви општествено одговорни проекти.
Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба, за поубава иднина“ се достапни на веб страната www.penzija.mk
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




