Пешевски: Груевски често ми велеше дека му контрирам
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2018 06:30
Поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, синоќа отворено зборуваше во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Тој изјави дека одлуките и политиките додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт биле носени во партијата, а Владата само ги спроведувала.
Пешевски зборуваше и за затворањето на А1 телевизијата додавајќи дека таа ТВ била корективен механизам.„Кога тој механизам го снема, системот бега од нормала и станува нестабилен. Мислам дека тоа му се случи на ВМРО-ДПМНЕ. Една од причините зошто не бев омилен меѓу членовите на владата е дека искажував различно мислење. Во една прилика му кажав на Груевски дека имам впечаток дека дел од членовите се плашат да му кажат што мислат. Зашто се случуваше на седници кога Груевски не е тука, членовите да зборат едно, а кога е тука да се однесуваат поинаку. Ми одговори ти често ми контрираш, ти се случило нешто лошо тебе? Но, како што изминуваше времето човек почнува постепено да не го кажува своето мислење. Се случувале и добри работи, но се случуваа и работи кои не требаа да се случуваат. И одговорноста, политичка и друга, мора да се понесе“, кажа Владимир Пешевски во дебатниот магазин „Click Plus“ .
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




