Песимистични се прогнозите за годинава, туристичките водичи си го бараат чарето во други сектори
Објавено во: Економија, Корона Вирус 11 Февруари, 2021
Песимистички се прогнозите за оваа туристичка сезона и најверојатно нема да има работа за туристичките водичи, поради што голем дел од нив си бараат или веќе нашле работа во друга бранша.
Од Здружението на туристички водичи и придружници велат дека состојбата во туризмот ќе се врати во нормала дури идната година, или пак можеби ќе чекаме две до три години. Кога ќе се вратиме на состојбата како пред пандемијата зависи од процесот на вакцинација, кој не е ни почнат во земјава, но новите мутации на коронавирусот водат во неизвесност.
„Нас нѐ интересира дојдовниот туризам, но тој ќе зависи од тоа колку заразени ќе имаме, затоа што луѓето кои ќе дојдат треба да бидат безбедни. Туризмот ќе се сведе оваа година на локални посети, или можно е да имаме гости од Албанија, Србија, Бугарија, со тоа што ќе има и изолирани случаи на луѓе од подалеку кои ќе дојдат, но тоа не ја менува ситуацијата. Сепак, да не се лажеме, треба состојбата да ја гледаме реално. Во Европа е хаос, а новите мутации на вирусот ја пореметуваат математиката. Туризмот во светот трпи големи штети и ние сме тотално надвор од колосек“, вели Бранко Босилков, претседател на Здружението на туристички водичи и придружници.
Според него, оваа 2021 година ќе имаат само 5 до 10 отсто од обемот на работа кој претходно го имале.
„Луѓето веќе си бараат работа, некои почнале да работат како таксисти, а да заминат надвор од државата сега, во овој период е тешко. Добар и професионален туристички водич во нормални услови може да има од 150 до 200 работни денови во годината“, рече Босилков.
Тој додава дека во Македонија се регистрирани 900 водичи, од кои 350 до 400 се активни.
Бројот на туристите во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 66.6 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 64.5 отсто. Бројот на домашните туристи во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е помал за 24.9 отсто, а бројот на странските туристи паднал за 87.3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Сања Атанасовскаfoto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.