Пет дена ни трага ни глас од Нефи Усеини и брат му, МВР и ОЈО велат дека работат на случајот
Објавено во: Македонија 24 Август, 2020
Пет дена нема ни трага ниту глас од Нефи Усеини, советникот на ДУИ во Општина Охрид, и неговиот брат откако го претепаа Спирко Топалкоски во познат охридски хотел.
Полицијата го гони контроверзниот советник од ДУИ Нефи Усеини, поради тепачката која ја предизвика во центарот на Охрид, а одреден е и притвор за него и за брат му, иако во меѓувреме Топалоски го смени исказот и рече дека не бил тепан. Сепак хотелските снимки го покажуваат спротивното. Иако е одреден притвор, засега нема централна или меѓународна потерница од МВР за двајцата браќа. Тие се бараат само со централен распис
За Канал 5 од МВР велат дека напорно работат за да ги пронајдат, а од Обвинителството тврдат дека во тек се сослушувања. Сосолушан бил и Топалкоски минатата недела, но не откриваат каков исказ дал.
За овој случај се огласи и Љубомир Ѓурчевски, поранешниот началник во МВР, кој вели дека Судот кога веќе определил притвор, требало да потпише наредба за потерница.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.