19 Декември, 2025
0.0499

Пет финансиски новогодишни резолуции и како да ги исполните

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2022 14:53

Добивај вести на Viber

Дали донесовте некакви финансиски резолуцииминатиот јануари што требаше да ги остварите во годинава што изминува? Доколку да, како ја завршувате 2022 година? Дали ги исполнивте или не успеавте да ја постигнете целта? Последните денови пред Новата година честопати ги поминуваме во размислувања за годината што изминува, наместо за годината што е пред нас, ија согледуваме сопствената финансиска состојба, притоа барајќи начин за нејзино подобрување.

Ако сте некој кој сака да донесува новогодишни резолуции, веќе знаете колку е тешко да се држите до нив. Сепак, добрата вест е што секоја година добивате нова шанса. Па така, оваа година, со наша помош, се надеваме дека ќе успеете да ги постигнете вашите цели. Во продолжение прочитајте ги 5те најпопуларни финансиски резолуции и некој трик за тоа како да успеете да ги постигнете.

1.Пресметајте ги вашите приходи

Ако веќе не сте го направиле тоа, почетокот на новата година е погоден момент да ги пресметате вашите вкупни приходи. Пресметувањето на нето вредноста е клучен чекор во проценката на вашето финансиско здравје и постигнување на вашите финансиски цели.

2.Одредете личен буџет

Одредувањето буџет за некои може да изгледа како ограничување, но следењето на вашето трошење може да биде исклучително корисна алатка која ќе ви помогне да воочите каде одат вашите пари секој месец. Со одредување на буџетот, можете да си дадете насоки за тоа што може да си дозволите и да ги идентификувате областите каде би можеле да го намалите трошењето.

3.Целосно да го исплатите долгот на кредитната картичка

Иако исплаќањето на долгови е доста голема резолуција, секако не е невозможна. Доколку должите пари на вашите кредитни картички, одредете колку реално можете да си дозволите да отплаќате во текот на годината. Доколку правилно менаџирате со вашите финансии, заштедите на непотребни трошоци и ги минимализирате неопходните,побрзо ќе можете да се ослободите од обврската на исплаќање долгови на вашата кредитна картичка.

4.Редовно да го исплаќате долгот

Историјата на плаќања е најважниот фактор на вашиот кредитен рејтинг, па затоа е од суштинско значење да го плаќате вашиот долг навремено и целосно секој месец. Овие плаќања не само што помагаат да ви се намали вкупниот долг, туку исто така ги намалуваат каматите или надоместоците што може да произлезат одпролонгирање на отплатата.

5.Да штедите повеќе

Сосема очекувано, главната финансиска резолуција е да заштедите повеќе пари. Постојат безброј начини за да го направите ова – да намалите со непотребно трошење, да тргнете пари на страна секој месец, да пазарувате на места каде имате поени и кеш-бек итн., но еден начин што дефинитивно ви гарантира штедење е вложување во депозит. 

Штедењето во банка со орочување на вашите средства, пред сè ви гарантира заработка, а воедно ви дава и сигурност. Секако, од исклучителна важност е и изборот на банката во која ќе одлучите да ги чувате вашите пари, па затоа одберете долгогодишен партнер кој секогаш ќе биде тука за вас.

Како банка за која секогаш важни се луѓето, Халкбанк оваа година создаде Новогодишен ПРОМО депозит за сите оние кои се подготвени да ја започнат годината со финансиска резолуција за штедење!

Новогодишниот ПРОМО депозит има минимален износ на вложување од 30.000 денари и фиксна каматна стапка од 2,50%, 3,00%  и 3,30% за орочување на денарски средства на 13, 25 и 36 месеци соодветно, односно 1,30%, 1,80% и 2,20% доколку влогот е во евра. Вашата камата се пресметува со пропорционален метод (28-31/365-6), а се исплаќа на крај на периодот на орочување или месечно.

Штедете безбедно и лесно со вашиот верен партнер, Халкбанк, и уживајте во бенефитите на вашите финансиски резолуции во текот на целата година. 

ПР-објава


Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција