21 Мај, 2024
0.0283

Пет причини да не патувате за празници

Објавено во: Стил 08 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Празниците се особено популарно време за патување поради многуте последователни викенди. Патувањето за празниците сепак има и свои негативни страни. Видете ги 5-те причини да не патувате за време на празници. Сообраќајот Интензивниот сообраќај може да ги расипе целосно претстојните денови. А сообраќајот за празниците секогаш е засилен. Ова најчесто значи дека треба да поминете барем неколку часа во сообраќаен метеж, за да стигнете до саканата дестинација. Друга опција е да отпатувате рано наутро, но дури и тоа не ви гарантира смирено патување. Ако сте решиле да одморите во некоја од соседните држави, сигурно ќе чекате на границата, заедно со другите, кои одлучиле да патуваат за празниците. Сличен старт на паузата, може да го расипе вашето расположение за неколку дена по ред. Повисоки цени Традиционално за празниците цените на ноќевањата се креваат. Особено ако сте одлучиле дека треба да направите резервација во последен момент, а не неколку месеци порано. Разликата во цените понекогаш може да се качи двапати. Ако одлучите и имате можност да одмарате пред и по велигденската еуфорија, одморот може да ви излезе доста поевтин. Повеќе луѓе = помалку одмор Празниците се популарно време за патување, затоа и одморалиштата секогаш се полни. Ова дефинитивно може да ви го расипе одморот, особено ако не сте љубители на гужвата. Недостатокот на луѓе не значи само дека ќе бидете повеќе смирени, но и можност да ги погледнете подобро локалните атракции. Семејната атмосфера Велигден, сличен на Божиќ, е празник кој е најдобро да го поминете во семејна атмосфера. Ова е соодветно време да им ги предадете на децата различните традиции кои семејството ви ги почитува. Од друга страна, повеќето луѓе одмораат за празниците и така имате шанса да се соберете во поширок семеен круг. Одвојте време за своите деца Во бурното секојдневие ретко можеме да одвоиме доволно време за своите деца. Затоа може да им се оддолжите за време на празниците. Направете план за различни активности со нив и да им посветите дел од своето слободно време во викендите. А вие каде планирате да ги поминете празниците?  

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“