ПЕТАР АНДРЕЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ: Го купивме Иново брокер, потребна ни е брокерска куќа
Објавено во: Финансии 14 Ноември, 2024 08:20
Осигурителното брокерско друштво ВФП АД Скопје е новиот сопственик на брокерската куќа Иново Брокер. Таа беше купена за сума од близу 89 илјади евра.
Вчера на Берзата беше објавена блок трансакција со акциите на Иново Брокер АД Скопје, на која се продадоа 90,57 проценти од акциите на ова брокерско друштво. Објавено е дека станува збор за продадени 6.340 акции, по цена од 862 денари за акција, што значи дека вкупната вредност на трансакцијата е 5,47 милиони денари, или прецизно 88.863 евра. Инаку, номиналната вредност на овие акции била 25 евра.
Комисијата за хартии од вредност во септември оваа година даде согласност друштвото ВФП и Петар Андреевски да стекнат квалификувано учество над Иново Брокер. Досега ова друштво Иново брокер имаше бугарски капитал, а сега преминува во рацете на ВФП АД Скопје.
„Комисијата за хартии од вредност им даде согласност на Друштвото ВФП АД Скопје и на физичкото лице Петар Андреевски да стекнат квалификувано учество во Брокерската куќа Иново брокер АД Скопје. Комисијата заклучи дека Друштвото ВФП АД Скопје и лицето Петар Андреевски ги исполнуваат законските услови за акционери со квалификувано учество во Иново брокер и не претставуваат ризик за сигурното и стабилното функционирање на брокерската куќа“, се вели во објавата која ја издаде КХВ на 12 септември оваа година.
Фактор вчера разговараше со Петар Андреевски, извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент, кој ја потврди трансакцијата, а за нашата редакција ги открива и целите за купувањето на Иново Брокер.
„Компанијата е преземена и во иднина ќе биде управувана од нас. Нашата групација немаше во своето портфолио брокерска куќа, а факт е дека ние сме етаблирани на пазарот. Со оглед што и кај нас се менува законската регулатива, а поучени од искуството од Европската унија, со цел да го задржиме пазарното учество, потребна ни е брокерска куќа, или по ново според законот, тоа ќе се нарекува инвестициско друштво. Позитивно сега ќе биде тоа што на нашите клиенти кои се во друштвото за управување со инвестициски фондови, околу 10.000, ќе им се овозможи да тргуваат со хартии од вредност и на Македонската берза преку Иново Брокер, додека, пак, од друга страна, на клиентите на Иново Брокер ќе им овозможиме да купуваат удели во инвестициските фондови на ВФП Фонд Менаџмент. На овој начин ги утврдуваме нашите позиции, и со ова ја потврдуваме посветеноста на WVP Групата да остане трајно во Македонија“, изјави Петар Андреевски за Фактор.
Инаку, ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, друштво за управување со отворени инвестициски фондови, е дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија. WVP како групација, како што е наведено на нивната веб страница, е пионер во полето на напредни финансиски услуги, застапена на просторот на цела Источна Европа. Основана во 1985 година во Грац, Австрија, својата иновативност ја промовира и надвор од границите на Австрија каде што прераснува во препознатлив бренд со докажана доверба. WVP Group е лидер во посредување и продажба на осигурителни и финансиски продукти во 15 земји во Централна и Југоисточна Европа со повеќе од 30 години искуство. Приказната на WVP Group во земјава почнува во 2005 година преку Осигурително брокерското Друштво ВФП АД Скопје. Друштвото има над 90 брокери, а воедно во 2017 година има најзначајно учество во вкупно направените полиси за животно осигурување во Република Македонија.
Успехот на оваа компанија претставуваше основа за почетокот на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје во 2014 година.
За ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје се наведува дека се друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, кое почна со работа во септември 2014 година. Почетниот капитал на Друштвото изнесува 525.000 евра, поделен на 525.000 обични акции со номинална вредност од 1 евро по акција. Акционери на Друштвото се: ВФП осигурително брокерско друштво АД Скопје, Петар Андреевски, Артон Лена, Руперт Стробл, Сузана Ѓукиќ и Блаже Петрески.
Друштвото има едностепен систем на управување - Одбор на директори. Мандатот на членовите на Одборот трае 3 години, а сегашниот состав на Одборот на директори е Петар Андреевски, главен извршен директор, Андријана Поповска, извршен директор, Руперт Стробл, претседател на Одбор на директори и неизвршен член, Блаже Петрески, неизвршен член, и Стефан Вили Сајбл, независен и неизвршен член.
Работи кои ги врши друштвото се управување со имотот на инвестицискиот фонд, рекламирање на инвестициските фондови и продажба на удели во отворените инвестициски фондови, односно акции во затворените инвестициски фондови и административни работи кои се однесуваат на водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи, воспоставување и одржување на односи со вложувачите, утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд и пресметка на цената на уделот, усогласување на работењето на друштвото за управување со законите и други прописи, објавувања и известувања на акционерите и сопствениците на удели, распределба на добивката на инвестицискиот фонд, издавање и откуп на удели во отворените инвестициски фондови, како и водење регистар на сопствениците на удели, односно акционерите.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





