Петар Гошев смета дека вистинските долгови на државата допрва ќе испливаат!
Објавено во: Финансии 03 Јуни, 2013 07:52
Ниту податокот дека Јавниот Долг на Централната Влада изнесува 34,1% од БДП не ја одразува реалната состојба на внатрешните и надворешните долгови на земјата. Од овој став не отстапува еден од поранешните министри за финансии и екс-гувернер Петар Гошев и посочува дека не им верува на сегашните бројки.
Тој за “Фактор“ вели дека полека но сигурно на површина ќе испливаат и долговите на општините и на Јавните Претпријатија, за кои сега нема податоци.
“Не верувам во бројките на Владата која е крајно нетранспарентна кога станува забор за објавување на податоците за Вкупниот Јавен Долг. И натаму не знеме колку тој изнесува и по кој основ се задолжувањата ниту пак се дозволува на контролните институции да направат скенирање. Централното прашање е зошто не се објавува податокот за Вкупниот Јавен Долг, кој ги вклучува и долговите на општините и на јавните претпријатија. “ – изјави поранешниот гувернер Гошев и упати дека последните случувања по локалните избори упартуваат дека не треба да се потценуваат и тие долгови.
“Каде се и колку изнесуваат долговите на општините и на Јавните претпријатија. Случајот со долговите на охридското јавно претпријатие, што стана мета на политички препукувања, ја потврдува тезата дека и држаните претпријатија се загалавени во долгови, само тој податок не е познат. Колку должи на пример Градот Скопје, или колку се долговите на општина Центар? Сите овие прашања – чекаат одговор.“ – вели Гошев.Јавниот долг на Централната Влада во април достигна ниво од 34,1% од Бруто Домашниот Производ или 2 милијарди и 716 милиони евра, што во однос на март преставува пораст од 13,4 милиони евра.
Со почетокот на оваа година продолжи трендот на пораст на Јавниот Долг, така во однос на декември 2012 та година, за четири месеци задолжувањата се поголеми за 172 милиони евра. Дел од економисите веќе алармираа дека целосно е искористен фискалниот просторо за натамошни задолжувања, а доколку ги има тие би биле по “повисока“ цена, ососбено откако кредитната агенција “Стандард и Пурс“ го намали рејтингот на ББ-. “Според мое мислење фискалниот простор за натамошни задолжувања е потрошен.Сегашното ниво на задолженост ќе влијае врз “цената“ на сите евентуални натамошни задолжувања. Кога се одредува каматата на задолжувањата, за кредиторите е исклучително важно нивото на задолженост на една земја“ – изјави за “Фактор“ Марјан Николов од Центарот за економски анализи. Со сегашното темпо на менаџрање на фискалната политика, Гошев очекува влошување на состојбата. “Подолго време укажував дека перцепцијата за Македонија ќе се влоши, потенцијалните инвеститори неминовно ќе видат дека се зголемуваат ризиците а сето тоа ќе резултира со намалување на инвестицискиот рејтинг на земјава што пак ќе доведе до поскапи кредити. Ако се продолжи со сегашните политики ќе следат натамошни влошувања. “ – тврди еден од поранешните министри за финансии. Бројките укажуваат дека Јаниот Долг од 34 отсто од БДП, измерен во април годинава, претставува највисоко ниво во последните седум години.Во 2005 та година Јавниот Долг изнесуваше 38% од БДП, но преземањето на власта од страна на владеачката партија, во 2007 ма и 2008 ма година се спроведе процес на раздолжување кон странските кредитори и кон меѓународните финансиски инститции, поради што долгот беше сведен на 20,6% од БДП во 2008 ма година.
Но, веднаш потоа, темпото на задолжување од година во година продолжи, со што сега се достигна едно од највисоките нивоа.Меѓународните финасиски институции од Владата побараа да усвои Среднорочна Стратегија за управување со Јавниот Долг – стратешки документ што треба да ги содржи плановите на владата за задолжувања но и динамиката за отплата на долговите.
“ГЛОБАЛНИОТ ЧАСОВНИК“ – ОТЧУКУВА ПОЗИТИВНО ЗА МАКЕДОНИЈА!
Според априлските мерења објавени во рамките на “Глобалниот часовник за јавен долг на магазинот ’Економсит“ – Македонија е во групата на ниско задолжени земји.
“Македонија во овој момент е задолжена за 2,7 милијарди долари или 26,3 отсто од Бруто домашниот производ што од прилика изнесува 9,8 милијарди долари. Во 2012 година долгот изнесуваше 27,8 отсто од БДП, или 1,5 отсто повеќе од годинава.“ – се посочува во Извештајот во кој се оценува дека според овие параметри нашата земја спаѓа во категоријата на најниско задолжени земји и е најмалку задолжена во споредба со земјите од регионот.
И во својот последен Извештај, Европската комисија посочи дека и годинава ќе продолжи темпото на пораст на јавниот долг. Според проценките на ЕУ, годинава ќе ја завршиме со јавен долг од 34,3%, а во 2014 тој ќе се искачи на 36,1% од БДП. Еврокомесарот Оли Рен неодамна изјави дека македонската економија покажува знаци на опоравување, но дека опасност за економиите ќе бидат токму задолжувањата.
“Македонија покажува знаци на силна економска состојба и одржливост, што не може да се каже за самата ЕУ, за еврозоната и за поголем број од земјите-членки на големото европско друштво. Она што не загрижува е податокот што јавниот долг продолжува да расте и во ЕУ. Годинава е прогнозиран на 89,9% од БДП, додека во еврозоната на 95,9%, иако максимум дозволено е 60% од БДП. А, долгот во некои земји е неодржлив “ – заклучи еврокомесарот Оли Рен по повод економска прогноза на Комисијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





