17 Декември, 2025
0.0934

Петровска: Системот за противвоздушна одбрана ќе го купиме од Франција, следниот месец ќе го потпишам договорот

Објавено во: Македонија 25 Август, 2022 10:39

Добивај вести на Viber

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека Македонија како членка на НАТО следната година ќе добие систем за противвоздушна одбрана кој ќе го купи од Франција.

- Каде ќе биде поставен нема да биде соопштено, тоа е од наш стратешки интерес. На почетокот на септември ќе го потпишам договорот за набавка со мојот француски колега, а следната година ја очекуваме испораката, откри Петровска.

Министерката рече дека Македонија е подготвена да и испрати дополнителна воена помош, доколку Украина тоа го побара, но само ако тоа не ја нарушува борбената готовност на нашата земја.

- Доколку (оружјата) не ни се потребни, и ако добиеме позитивно мислење од Генералштабот дека не се нарушува борбената готовност, ние сме подготвени да одобриме нова воена опрема за Украина, рече министерката.

Петровска додаде дека Македонија и помага на Украина само поради тоа што верува дека на една земја не треба да и биде нарушен територијалниот интегритет.

- Од почетокот на руската агресија единствена погрешна одлука е таа на руската страна да изврши воена агресија. Украина е нападната и загрозен е нејзиниот територијален суверенитет, а постршани се фотографиите од нападите на цивилни цели, како училишта и болници,. Затоа на Украина и е потребна помош да се одбрани, смета Петровска.

Таа додаде дека до крајот на годината во земјата ќе пристигнат уште 27 воени оклопни транспортери купени од САД.

- Набавката на овие оклопни возила е еден од осумте клучни големи проекти за модернизација на армијата. Тоа е склучен договор од лани, а од оваа година се реализира. Тие веќе беа презентирани, до 2028 е последниот рок за испорака и ќе имаме 96 вакви возила, а до крајот на оваа треба да бидат испорачани 27. Стручните лица веќе се обучуваат со нив.  Тие имаат специфична опрема и за да може да се гарантира рокот на нивната употреба и користење, треба да постојат такви соодветни услови, додаде министерката.


Можеби ќе ве интересира

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра