22 Ноември, 2024
0.0295

ПИСАТЕЛИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ: Ќе донесе понижување, сегрегација или тензии?

Објавено во: Македонија 17 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Како поет, како човек, како личност, врз основа пак на чувството на гадење во стомакот и болката во градите, поткрепени со правните сознанија  кои се составен дел од мојата личност и живот, сметам дека Македонија никогаш досега повеќе не била сегрегирана, а дека ќе треба децении да се опорават нарушените меѓунационални односи по насилното донесување на  Законот за јазиците кој е противуставен и неправен, вели Оливера Доцевска.

Maкедонските автори имаат изградено став за Законот за употреба на јазиците кој деновиве е изгласан во Собранието, но не сите имаат храброст јавно да кажат што мислат.

„На овој акт, не гледам како на акт со кој се уточнуваат правата на нашите сограѓани од албанско етничко потекло или на другите сограѓани од другите малцински заедници, но како на акт на јазична окупација, асимилација и насилие  на територија на Република Македонија од страна на две соседни држави, исто така и како на акт на пoтчинетост на Македонија и македонските власти кон други држави, така го чувствувам , така ме вознемирува, а и секој еден човек во оваа држава. Како личност се чувствувам понижено, навредно, со ускратени индивидуални, национални колективни права, иако целиот тој процес се прави наводно во името на човековите права и демократијата, а тој заедно со некои други процеси и акти целосно навлезе и ги наруши слободите и правата , на Македоцните по етнос во Македонија, соседните држави и во светот. Најчудно е што наместо да се донесуваат закони и да се посвети внимание на суштински работи се оди кон целосно разгорување на омраза и нетрпеливост  со вакви недоквакани и неправни акти. Она што се случува со Законот за јазиците  е причинско последователно на апашлакот и насилието на политклептократските елити на Македонија, со децении наназад  за кои насилието, а не дијалогот е врвното средство, а ловот во матна вода,т.е. матењето на водата со разгорување на етнички страсти  многу поволна околина. Во Македонија постојано се спротивствен два концепти, граѓански и етнички. Вистината е некаде на средина, односно граѓанско етнички концепт. Ние мораме да ги најдеме точките кои не обединуваат, да ги почитуваме правата на индивидуата и колективитетот и да не навлегуваме во туѓото универзално право, јазик. Во Македонија вистината е на средината. Треба да се  гради етничко - граѓански концепт  и сите да сфатиме и разбереме дека Македонија е национална држава на Македонците, но истовремено и граѓанска држава во која треба да се почитуваат правата на секој еден човек, па и на Македонците по етос.(дали тоа  е така? кон која држава и народ  се прават такви акти на насилие како промена на име, симболи, ускратување јазични права и слично)“ – прашува Доцевска.

Таа порачува дека треба еднаш засекогаш да сфатиме дека сите ние сме Македонци по државјанство, дека ова е нашиот заеднички дом и дека треба да го чуваме оваа парче земја како очи во главата и да живееме заедно и сложно, и да застанеме зад неправдата која му се прави на другиот. Дека извршната, судската и законодавната власт не се Богови и дека одговараат некому, а тоа е на граѓаните и граѓанките на Македонија, додава Доцевска.

„Треба да сфатиме дека , она што во Парламентот е Претседателот на Парламентот (тоа е во Македонија и македонскиот  јазик , прв меѓу првите и тој е фактор кој нè обединува сите, фактор за стабилност.  Еден јазик треба да биде официјален на државно и меѓународно ниво, а на јазиците на малцинствата да им се дадат сите права внатре во државата во заедниците кои ги зборуваат без оглед на нивниот процент, а во согласност со условите т.е средствата. Исто така е зачудувачки дека голем дел од граѓаните од албанска етничка заедница скоро и да не го знаат македонскиот јазик, а било кој за да стекне државјанство треба да го познава? Веќе порано во едно интервју кажав дека може да биде понуден како факултативен во основните и средните училишта јазикот на сите заедници кои живеат во Македонија. Недозволиво е да се фаворизира еден  јазик на малцинство за сметка на другите и за сметка на македонскиот,  независно од проценти , за кои и не знаеме колку се точно од 2002. Ние сме премногу мала држава за да експериментираме со својата територија, а обележја на држава се територија население и јазик(општа култура).  Ако друг јазик изедначиме со македонскиот,  правиме држава во држава.  Конечно, треба една опширна повеќегодишна дебата и расправа и ние мораме да го пронајдеме и да работиме и да трагаме по најдоброто , по срцето на позитивните резултати во луѓето и организациите, и општествто, со дебата, а не по причините на поделба и раздор, па и кога станува збор за јазикот на малцинските заедници. Овој Закон за јазици е сè ,само обединувачки фактор не и треба да се стопира, и да се отвори широка дебата, ама не сега. Прво приоритетите“ – вели Доцевска.

Таа се повикува на цитат од Блаже Конески кој рекол дека Македонија е до таму до каде се протега нашиот јазик и прашува  ако на целата  територија на Република Македонија се протега јазик на две соседни држави, со еднакви , замислете според Законот за јазици дури и поголеми права од македонскиот јазик, дали тоа е веќе окупирана нивна територија, нивна татковина  или нашата татковина?

Писателот Стефан Марковски смета дека се работи за груб, нестручно изработен, етноцентристички и во прв ред, популистички закон кој според него тешко дека би довел до зближување, односно подобрување на комуникацијата помеѓу етничките заедници. Напротив, вели особено кога станува збор за односот помеѓу Македонците и Албанците, постои голема веројатност да доведе до зголемени тензии заради ирационално репресивната и потиснувачка природа.

„Се работи за закон кој на мала врата се обидува да воведе уште еден службен јазик, еклатантно кршејќи го Членот 7 од Уставот: „Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“. Да се потсетиме, членот 18 од овој закон предвидува формирање владина Агенција која би ја мониторирала неговата примена на целата територија на Р. Македонија, додека истовремено таква институција не е предвидена за употребата на македонскиот или пак, за било кој друг користен јазик. Правењето паралели со постоењето два, три и повеќе службени јазици во некои европски земји од типот на Швајцарија, Белгија и тн. е трапав и невешта обид да се прикрие суштинската, сегрегациска природа на овој закон, кој не ги зема предвид економските и културно-историските околности. Надминувањето на етноцентризмот, национализмот, па и севкупниот механизам на партиската узурпација над општеството која ја сметам за длабоко проникната со овие „балкански зла“ се можни преку реформски чекори кои навистина обединуваат, кои се конструктивни, а не деструктивни за функционирањето на едно општество“ – вели Марковски.

Многу македонски автори деновиве на социјалните мрежи излегоа со свои видувања за тоа што ова законско решение ќе му донесе на нашето општество.

„Сметам дека изминативе месеци се навистина тензични, тегобни, а истовремено и погубни за македонскиот национален идентитет, за македонскиот јазик и интегритетот на македонската држава. Раздорот постои како никогаш до сега! Раздорот е од самите нас кои сопствената татковина ја ставаме на колена. Давањето легитимитет на еден ваков Закон за употреба на јазиците е кршење на уставниот поредок; а истовремено е и навреда за другите националности кои живеат на оваа територија. Сметам дека ова е автоцензура што би подразбирала бришење на македонскиот јазик како службен јазик за сите граѓани кои живеат под сонцето на оваа земја. Цезар рекол „Коцката е фрлена!“ Јас ќе кажам да се вратиме назад пред да биде предоцна! Со овој оловен чекор ќе биде загрозено и опстанувањето на Македонија како држава со уставното име и во овие мерливи граници“ – смета д-р Марина Мијаковска.

Таа актуелните случувања околу јазикот ги преточи во поезија.

СОГОЛЕН ЈАЗИК

Веќе нема да пишувам!

Зборовите ги изгубија сите сетила!

Гласовите ги проголтавме на гладно!

Нека треперат ѕидовите од утробата!

Желудочните сокови ja скиселуваат тишината!

Така сè помалку ќе нè има!

Ако! Ако ни е! Арно!

Нека нè нема таму каде што нè има!

Јазикот ни остана соголен!

Јазикот ни остана соголен!

Законот за употреба на јазици поттикна лавина реакции, се протестира пред домовите на пратениците од СДСМ, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ниту го признава, ниту ќе го признае законот, туку ќе бара одговорност.

Сања Атанасовска 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава