17 Ноември, 2024
0.0285

ПЈОНГЈАНГ СЕ ЗАКЛУЧУВА ПОРАДИ НЕПОЗНАТА РЕСПИРАТОРНА БОЛЕСТ: Властите не кажуваат дали е корона! Им нареди на сите да мерат температура

Објавено во: Свет 25 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Севернокорејските власти наредија петдневен карантин за жителите на Пјонгјанг поради непознато респираторно заболување, но не посочија дали се работи за Ковид-19.

Заклучно со недела, граѓаните мора да останат дома и да ја мерат температурата неколку пати на ден.

Во вторникот жителите на главниот град купија залихи за наредните денови во пресрет на новите мерки, но не е јасно дали мерките се усвоени и за другите делови од земјата, објави севернокорејската новинска агенција NK News.

Првата појава на Ковид-19 во земјава беше потврдена дури во мај минатата година, а победата над вирусот беше прогласена веќе во август.


Надлежните никогаш не го потврдија бројот на заразени со новиот коронавирус, туку само го пријавија бројот на луѓе кои имале треска. Севкупно, оваа бројка беше 4,77 милиони луѓе до 29 јули минатата година. Оттогаш, властите не објавуваат дневни податоци.

Државната новинска агенција КЦНА во вторникот објави дека властите во Каесонг, град во близина на границата со Јужна Кореја, ја зајакнале кампањата за јавна комуникација за „сите вработени доброволно да можат да ги следат мерките против епидемијата на работа и дома“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Борис Писториус кандидат за канцелар на СПД на изборите во Германија

Борис Писториус кандидат за канцелар на СПД на изборите во Германија

СЕ НАЛУТИ ИЛОН МАСК: „Ќе дознаам кој ги изнесува овие обвинувања и ќе ги уништам“

СЕ НАЛУТИ ИЛОН МАСК: „Ќе дознаам кој ги изнесува овие обвинувања и ќе ги уништам“

НАШИТЕ МАГАЦИНИ СЕ ПОЛНИ: УРСУЛА ФОН ДЕР ЛЕЈЕН - Подготвени сме да го запреме протокот на гас од Русија

НАШИТЕ МАГАЦИНИ СЕ ПОЛНИ: УРСУЛА ФОН ДЕР ЛЕЈЕН - Подготвени сме да го запреме протокот на гас од Русија

ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО ПАРИЗ - протекоа првите снимки од местото на настанот (ВИДЕО)

ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО ПАРИЗ - протекоа првите снимки од местото на настанот (ВИДЕО)

ХОРОР ВО ИНДИЈА - ПОЖАР НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА: 10 новороденчиња го загубија животот, 16 се повредени (ВИДЕО)

ХОРОР ВО ИНДИЈА - ПОЖАР НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА: 10 новороденчиња го загубија животот, 16 се повредени (ВИДЕО)

ПО ГОЛЕМИОТ ПАД НА ПРОДАЖБАТА: Мекдоналдс троши 100 милиони долари за ублажување на штетите по појавата на ешерихија коли

ПО ГОЛЕМИОТ ПАД НА ПРОДАЖБАТА: Мекдоналдс троши 100 милиони долари за ублажување на штетите по појавата на ешерихија коли

Луфтхаза ја купува националната италијанска авиокомпанија ITA Airways: Продажбата проценета на 325 милиони евра

Луфтхаза ја купува националната италијанска авиокомпанија ITA Airways: Продажбата проценета на 325 милиони евра

НИЗ ЕВРОПА СЕ ШИРИ ПАНИКА - изборот на министри на Трамп на никој не му се допаѓа! „Вознемирувачки, тој е тотално непредвидлив“

НИЗ ЕВРОПА СЕ ШИРИ ПАНИКА - изборот на министри на Трамп на никој не му се допаѓа! „Вознемирувачки, тој е тотално непредвидлив“

ОТКАКО ШОЛЦ СЕ СЛУШНА СО РУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Зеленски вели дека на Путин му одговара да ја ослаби изолацијата

ОТКАКО ШОЛЦ СЕ СЛУШНА СО РУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Зеленски вели дека на Путин му одговара да ја ослаби изолацијата