07 Октомври, 2024
0.0316

ПЛАН ЗА ГАЗА: Што најави новиот палестински премиер?

Објавено во: Свет 20 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Како во иднина ќе функционира Газа, објасни новиот палестински премиер Мохамад Мустафа. 

Тој објави во вторникот во Рамала, на Западниот Брег, дека ќе назначи технократска влада и ќе формира независен фонд за надгледување на реконструкцијата на друга палестинска територија – Појасот Газа.

Минатата недела, палестинскиот претседател Махмуд Абас го назначи својот советник Мустафа, економист образован во САД, за премиер. Мустафа изјави дека ќе има „непартиска, технократска влада која може да ја добие довербата на палестинскиот народ и поддршката од меѓународната заедница“, ветувајќи големи институционални реформи и политика на „нулта толеранција“ за корупцијата. Тој рече дека ќе се обиде политички повторно да ги обедини палестинските територии на Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим и да создаде „независна, компетентна и транспарентна агенција за заздравување и обнова на Газа и меѓународно управуван фонд за собирање, управување и исплати на потребните средства“. Во неговите планови не се споменува Хамас, палестинската терористичка група која постигна убедлива победа последен пат во 2006 година, кога Палестинците одржаа национални избори. Хамас има силна поддршка од Палестинците ако се суди по анкетите. 

88-годишниот Абас остана на власт откако му истече мандатот во 2009 година и одби да одржи избори, наведувајќи ги израелските ограничувања. Анкетите постојано покажуваат дека огромно мнозинство Палестинци сакаат тој да поднесе оставка. Мустафа рече дека палестинската управа има цел да одржи претседателски и парламентарни избори, додавајќи дека тоа ќе зависи од „реалноста на теренот“ во Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим – територии заземени од Израел во војната на Блискиот Исток во 1967 година.

Мустафа изложи големи планови за ревитализација на Палестинската управа, на којашто повикуваат САД, како дел од својата повоена визија за решавање на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

Но, Палестинската управа нема овластување во Појасот Газа бидејќи Хамас ја протера во 2007 година. 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху отфрли какво било враќање на Палестинската управа во Појасот Газа, а израелската влада цврсто се противи на палестинската државност.

Хамас на 7 октомври лани го нападна Израел, со барање за формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим. 

Можеби ќе ве интересира

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени