10 Мај, 2024
0.0239

“ПЛАН ЗА СТАН”- Нов станбен кредит на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Од денеска, Охридска Банка Сосиете Женерал воведува нова, уникатна и по своите карактеристики, најконкурентна понуда на пазарот за станбен кредит со животно осигурување. Единствено со станбениот кредит „План за стан“ на Охридска Банка Сосиете Женерал, кој е наменски кредит за купување, реновирање и изградба на недвижен имот, клиентите добиваат: 10 години фиксна камата, со фиксна промотивна каматна стапка од 3,75% во првите две години и сигурна и поволна фиксна каматна стапка од 5,95% од третата до десеттата година, со максимален рок на отплата од 30 години.

plan za stan

„Со новиот станбен кредит, ’План за стан‘, Охридска Банка Сосиете Женерал оди чекор понапред во креирањето на условите, транспарентноста и квалитетот на станбените кредити, со цел да ги задоволи желбите на сите заинтересирани граѓани кои сакаат нов дом, и тоа со уникатни, пристапни и многу јасни услови. Охридска Банка Сосиете Женерал беше првата банка што понуди 5-годишен станбен кредит со фиксна камата. Сега, со ’План за стан‘,Охридска Банка Сосиете Женерал повторно е единствената банка на пазарот која нуди најдолг период со фиксна рата од 10 години, со најповолни услови за каматни стапки без административни трошоци при одобрување на кредитот и без трошоци за проценка на имотот. Нашиот приоритет е со понудата да им обезбедиме на нашите клиенти транспарентност, стабилност и безбедност. Сите клиенти, кои ќе се одлучат за овој нов станбен кредит на Охридска Банка Сосиете Женерал во 2016 г., точно ќе го знаат износот на месечната рата сè до 2026 година без ниту едно изненадување во иднина или скриен трошок. Тоа ги олеснува плановите!“ − истакнува Стефан Туати, Член на Управниот одбор на Охридска Банка Сосиете Женерал, кој раководи со секторот банкарство за население и маркетинг.

Со фиксната каматна стапка за првите десет години, клиентите на Охридска Банка Сосиете Женерал се сигурни и точно ја знаат висината на ратата. Така, на пример, за станбен кредит со кредитно животно осигурување во износ од 30.000 евра и со рок на отплата од 20 години, месечната рата во првите две години изнесува 185 евра, а од третата до десеттата година e загарантирана да биде 218 евра месечно.

Дополнително и промотивно до 10 јули годинава, Охридска Банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за новиот станбен кредит „План за стан“ да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“