06 Мај, 2024
0.0222

ПЛАНИРАНИТЕ КАПИТАЛНИ РАСХОДИ СЕ ПРЕАМБИЦОЗНИ И НЕОСТВАРЛИВИ, не очекува ли нивно кратење со ребаланс?

Објавено во: Финансии 03 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Буџет креиран според потебите, а не според можностите. Високите цени и понатаму ќе не „стресираат“, а вистинско стабилизирање на економијата може да очекуваме со стабилизирање на политичките и безбедносни турбуленции. Ова е накратко ставот на економистите во земјава по најавата на буџетот за следната година. 

„Фактор“ вчера објави дека Владата го усвои буџетот за 2023 година и дека тој е најголемиот во нашата историја. Проектирано е да потрошиме рекордни 5,3 милијарди евра, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 42,75 милијарди денари или 700 милиони евра. 

Ребалансираниот буџет за оваа година изнесувал 4,7 милијарди евра, што значи дека буџетот за следната година ќе биде потежок за 600 милиони евра. 

Енергетската криза, инфлацијата, големите капитални расходи и високите кредитни обврски што доспеваат следната година се главните компоненти кои влијаат на проектирањата на Буџетот за 2023 година. Буџетот и овој пат е креиран според потребите на фискусот, а не според можностите, односно прибраните приходи, поради што произлегува стандардното дефицитно буџетско финасирање, односно потребата од ново нето задолжување - вели економистот Павле Гацов.

Гацов за „Фактор“ истакнува дека инфлацијата сеуште е висока, со раст кој бавно се намалува и извесно е дека ќе го продолжи да се движи во иста насока и во првата половина на 2023 година. Според него, високата инфлација ќе влијае и на високи даночни приходи од една страна, но и на потребата од индексација на социјалните и други расходи, од друга страна.

- Вистинско стабилизирање на економијата, инфлацијата и енергетската криза е можно со намалување на политичките и безбедносни турбуленции на Европскиот континент. Засега вакво стабилизирање не е на повидок. 2023 година ќе биде година на нови задолжувања, странски, но и домашни, пред се заради враќање на старите долгови, енергетската криза, но и заради најавените капитални проекти што треба да се финансираат од Буџетот. Трендот на зголемување на каматните стапки и високиот износ на дефицит што треба да биде финансиран со задолжување ќе влијаат врз зголемување на каматните стапки на долгот - вели Гацов

Нашиот соговорник посочува дека и во овој Буџет, проектираните капитални расходи се преамбициозни и на терен неостварливи. 

- Веројатно и овој пат истите ќе се кратат заради потребата од врамнотежување на Буџетот во текот на 2023 година. Впрочем, во минатото кратењето на планираните капитални расходи постојано било практикувано. Планираниот раст на економијата главно ќе се темели на инфлационата магија, а не на вистински економски подобрувања. Се чини 2023 година ќе биде тешка за креаторите на буџетската политика. Имено, продолжувањето на здравствената и економската криза во 2023 година и изборната 2024 година дополнително ќе притискаат на креаторите на макроекономските политики да водат експанзивна фискална политика, Ова ќе има влијание на зголемување на побарувачката, а со тоа и на инфлацијата. Затоа ќе бидат потребно ладење на економијата со мерки на монетарната политика - потенцира Гацов. 

Проекциите се дека економијата до година ќе расте 2,9 проценти, а инфлацијата е проектирана на 7,1 процент.

Како што објави министерот за финансии Фатмир Бесими, се планира од граѓаните и стопанството да се соберат 4,6 милијарди евра или 700 милиони евра повеќе од она што планира да се потроши со буџетот. Во игра се новите давачки предвидени со даночната реформа кои треба да почнат да се применуваат од наредната година, но министерот за финансии не открива дали е во опција и прогресивниот данок.

Со буџетот за плати на администрацијата ќе се потрошат 567 милиони евра или 5 проценти повеќе од планираните со ребалансот за годинава. Планирани се и 250 милиони евра за помош на стопaнството и граѓаните за справување со економската енергетска криза. Капиталните инвестиции се проектирани на 790 милиони евра, речиси 200 повеќе од првичниот буџет и 300 милиони евра повеќе од ребалансот.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст