Добивај вести на Viber
На пазарот во Босна и Херцеговина дистрибуиран е француски производ наменет за деца, што содржи делови од пластика, вакво известување добила Агенцијата за безбедност на храната во земјата.
Според податоци од Агенцијата се работи за производот „Италијан нудлдиш вид веџетеблс“, чиј произведувач Матерна од Франција, а увозник за БиХ е ДМ Дрогери маркет.
Веднаш по примањето на известувањето, Агенцијата упатила барање до надлежните инспекциски органи , поради сомителен ризик по здравјето на потрошувачите итно да се утврдат состојките во производот и да се превземат соодветни мерки.
Инаку веќе во пет земји во Европа се превземени мерките за повлекување на овој производ од пазарите. Ваков случај е регистриран во Германија, Унгарија, Словачка, Словенија и Романија, соопштиле од Агенцијата за безбедност на храната во БиХ.