ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“
Објавено во: Финансии, Македонија 21 Мај, 2024 08:16
Социјалните мрежи се идеални за наоѓање работници а посебно лесно се наоѓаат работници на црно. Има голем број групи во кои нашите кои живеат во Германија нудат работа за чување деца или помош во домот, но никогаш досега не се случило јавно да кажат за колкава плата бараат работници.
Таквата ситуација секогаш ги револтира граѓаните кои се заинтересирани да аплицираат за работата, бидејќи, како што велат, секогаш платата е мала.
„Се нуди работа за чување двегодишно дете, услови нема, се бара жената да е од Македонија. И сега еве јас знам германски јазик, имам ЕУ документи, но и сум со педагошка факултетска диплома. Бидејќи морав да и пишам на жената што бараше работничка за да дознаам колкава плата се нуди, кога добив одговор се разочарав. Нуди плата од смешни 400 евра, со образложение дека јас немало да имам никакви трошоци, бидејќи и сместувањето и храната ми е од нив. Значи сакаат да заминеш во Германија да им чуваш дете, ама по македонски стандард. Значи нашите во странство не се водат по тамошниот просек за плаќање, туку по свои математики. Таа вели дека тие пари можеби нема да ги троши, но ќе ги прати дома на нејзините“ вели една жена која била заинтересирана да се пријави за работното место, која сакаше да остане анонимна.
Таа вели дека најчесто вака вработените работници немаат никакви права, малтретирани се, а често добиваат и други обврски „за тие пари“.
„Да не биде дека генерализирам, или дека зборувам само лошо, има и наши кои се прекрасни работодавци. На моја роднина која исто така замина да работи кај наши во Германија дури и помогнаа да остане во Германија и да си го повлече целото семејство. И плаќаа придонеси, и даваа убава плата, жената навистина имаше среќа. Но, има и такви кои душата ќе ти ја извадат за што е можно помалку пари, ќе те сместат во мала собичка и цел ден ќе те малтретираат за пари незамисливи за германски стандард“ вели нашата соговорничка.
Македонките поради неможност овде да најдат работа ја бираат и оваа опција за да заработат. Оние кои ќе отидат во странство за да чуваат дете, имаат и домашни обврски кои мора да ги завршат. Некои од нив имаат убави искуства, но некои наишле на големи проблеми во семејствата.
Некои од нив аплицирале за чување на едно дете, а кога стигнале ги пречекале две или три деца. Некаде добиле дополнителни задачи за кои не биле договорени...
Сепак не секое искуство е лошо и не секому му пречи ниската плата. Една Македонка која работела во Германија вели дека работата и била убава и дека работела кај Холанѓани кои работеле во Германија.
„Во Дизелдорф беа дојдени заради работа, После 9 години жената се враќа на работа и им требаше помош околу децата. Јас им бев прва негувателка,три дечиња имаа, девојче 9 години и две машки едно од 6 и едно од 1 година. Во тие 3 месеци имав преубаво искуство, бев прифатена од семејството како нивно четврто дете. Заработката не беше многу голема,250 евра месечно плус платено вечерно чување на деца и викенди кога имаа потреба. Од страна на семејството ми беше обезбедено сè,кај нив бев сместена, имав своја соба,бања, месечен билет и во школо одев на курс по германски јазик“ – вели А.Т.
Друга девојка од Скопје која била на работа во Италија пак, вели дека никогаш повеќе не би заминала да го работи тоа.
„Работев од 7 до 23 часот секој ден, без прекин. Покрај чувањето деца работа ми беше и се останато за 600 евра месечно. Значи не е само грижата за трите деца, туку и чистење, перење, пеглање, готвење... Беше макотрпно и тешко. Тоа беше еднакво на ропство. Никогаш повеќе не би заминала да работам такво нешто. Бев во Италија кај наши луѓе за да бидам третирана како робинка, не стасав ниту еден ден да прошетам а бев во една од најубавите земји“, раскажува Е.Ј.
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





