06 Декември, 2025
0.0437

Платата не е награда, работникот е потценет

Објавено во: Економија, Колумни 10 Октомври, 2015 08:33

Добивај вести на Viber

Анализите на светската конфедерација на синдикати (http://2015.wddw.org/) покажаа дека 60% проценти од светската трговија е управувана од страна на големите бизниси, кои користат, покрај на понуда и побарувачка, бизнис модели базирани на искористување и злоупотреба на човековите права а нивниот профит е резултат на ниското ниво на платите на луѓето. Ќе се согласите крајно разочарувачки и нехуман заклучок, што во превод значи дека алчноста расте во геометриска прогресија со искачувањето на компаниската хиерархија. Законите за работни односи, платите, пензиите и безбедноста на работното место се под минималното ниво во многу земји, а корпоративната алчност е главниот фактор кој придонесува кон сиромаштија. Луѓето иако работат во големи и богати компании, немаат загарантирано работно место, работат подолго време отколку што е предвидено со закон, а платите кои ги добиваат се ниски, во споредба со она што го создаваат. Се борат со сиромаштија, небезбедна средина и услови за работа. А тоа е така, зошто работниците и не ги знаат своите права. А кога постои недостаток на едукација, и некој кој да те заштити, се случува злоупотреба. Работниците треба да знаат дека кога ќе си ги завршат своите обврски, платата која ја добиваат не е награда туку нешто што е заслужено и им припаѓа. Стапката на профит е главниот фактор за тоа каде се движи капиталот, независно од националните или некои други интереси. Гладот за профит е толку голем, поради кој се креираат конфликти, војни, болести и друго. Државата во некои земји е во силна спрега со големите бизниси (посебно со големите интeрнационални компании), ги штити нивните интереси, што влијае класното раслојување да расте, а нивото на искористување да биде големо. Луѓето се уплашени, несигурни едвај крпат крај со крај, буквално се без никаква заштита во голем број на земји. Од капитализам како повторно да се враќаме назад кон робовладетелство, а само називите, титулите на оние со моќ се поинакви. Себичноста е главната карактеристика на капитализмот, во која и да е фаза на развој или форма. Иако вработените го создаваат профитот, за сопствениците нивниот живот е безвреден. Кога ќе создадат профит, многу полесно ќе потрошат десетици илјади евра на скапи патувања, на автомобили и друг лукзуз, а за вработените кои им помогнале тоа да го создадат, едвај ќе потпишат решение за плата. Дури и кога се остварува профит, многу малку се инвестира во кадри во нивна обука, во истражувања и развој. Нема долгорочна цел, нема хуманост. Никој не ги жали градежните работници кои работата крајно ризична работа, и сите оние чесни граѓани за чии гласови се тепаат политичари, а на кои никој никогаш не им помогнал. Магично стапче не постои за преку ноќ да се сменат работите. Потребно е секако време, и вистински фокус на активностите. А фокусот треба да бидат потребите на граѓаните. Затоа треба почесто отворено да се разговара за проблемите, да постојат дебати и дискусија, за да потоа ако не можеме како поединци, работите да ги менуваме заедно во здруженија, асоцијации кои ќе бидат независни. Нивната независност треба да биде загарантирана со закон. Потребен е слободен и објективен синдикат, слободни медиуми, одговорност и хумано однесување од сите нас....Потребна е едукација на работниците за нивните права, развивање на свеста дека работникот си ги заслужил парите, дека никој не му ги поклонил. Сашо Дуљанов

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања