ПЛАТЕНИ СЕ 716 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 1,17 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА УНИ БАНКА - кој е купувачот во двата блока
Објавено во: Финансии 21 Јануари, 2025 10:54
Голема количина акции на една од најреномираните банки во земјава, УНИ Банка, беше продадена во текот на вчерашниот ден преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Имено, поминаа два блока акции од по 3.000 и 3.800 акции на оваа банка, и двата блока по цена од 6.900 денари за акција.
А, доколку е еден купувачот на овие два блока, според пресметките тој за нив платил близу 716 илјади евра, додека, пак, ако се двајца различни купувачи на акциите, за првиот блок од 3.000 акции се платени околу 337 илјади евра, а за блокот од 3.800 акции е платена сума од 379 илјади евра, што значи дека под претпоставка толку би платил вториот купувач.
Инаку, вкупната истргувана количина во двата блока од 6.800 акции на УНИ Банка, претставува 1,17 проценти од вкупниот број издадени акции на банката. Значи, станува збор за мал процент, но ваков блок кој од поодамна не се случил со акциите на УНИ Банка, може и да укажува на некакво раздвижување околу сопственичката структура на таа банка, а каде што сега има двајца неприкосновени сопственици, според големината на акционерските пакети кои ги поседуваат.
Она што уште треба да се каже за оваа зделка е дека цената од 6.900 денари што се постигнала за акција во двата блока, е пониска од онаа по која се продавале акциите на УНИ Банка во последниве денови, па на пример на 16 јануари таа изнесувала 7.050 денари за акција.
Треба да се напомене и дека во последниот период се тргувале помали количини акции, а најголемата количина на редовниот пазар е истргувана на 5 декември, и тоа 40 акции.
Во мометов, УНИ банка има двајца големи сопственици, а тие се бугарските државјани Ѕеко Тодоров Минев и Ивајло Димитров Мутавчиев, кои поседуваат буквално идентични акционерски пакети од по 36,45 отсто од акциите, што е вкупно 72,9 отсто од акционерскиот капитал на банката.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





