Платформата за онлајн учење се тестира: Во оваа фаза се детектираат и надминуваат сите предизвици, информира МОН
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2020
Министерството за
образование и наука, по бурнитре реакции на родителите и учениците, па и самите
наставници дека системот на платформата за онлајн настава падна и не може да се
логираат, излезе со објаснување дека во тек е фазата кога се прават тестирања за функционалноста
со цел навреме да се отстранат сите недостатоци.
-Министерството за образование и наука, информира дека течат тестирањата на единствената Национална платформа преку којашто ќе се одвива наставата од далечина од први октомври годинава. Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици, велат од МОН.
Со цел да се обезбеди потполно функционална платформа до почетокот на учебната година, велат од МОН, тестирањата ќе продолжат и во наредните денови. Исто така, Министерството за образование и наука информира дека во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата.