05 Декември, 2025
0.0423

ПЛАТИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ТОНАТ: истражувањата утврдија дека постојано паѓа нивното учество во Буџетот

Објавено во: Финансии 03 Јуни, 2024 09:21

Добивај вести на Viber

Платите на вработените во јавниот сектор низ годините имаат се помалу учество во вкупниот буџет кој државата го троши. Ова го покажала анализата на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, кој исто така утврдиле дека во период од 2010 година па се до 2020 година платите за вработените се намалиле. Но, овој тренд е променет во 2021 и 2022 година кога нивното учесто почнува да се зголемува.

- Првиот е тренд присутен кај платите на административците е намалување во период од 2010-2021, а вториот од 2021-2023 се согледува тренд на зголемување на учеството на платите во вкупните трошоци. Најниска точка е во 2021 година со 10 проценти учество, и највисока во 2010 година со 15 отсто учество – истакнуваат аналитичарите на ЗМАИ во објавениот извештај.

Притоа укажуваат дека согласно Светската Банка, учеството на платите во вкупниот буџет на Република Македонија има тренд на намалување и е под светскиот просек.

Воедно во истражувањето е направена споредба какво е движењето на платите во вкупните трошоци на државите во соседството, поконкретно земени за пример се земјите членки на Отворен Балкан, соседите Албанија и Србија.

Притоа аналитичарите утврдиле дека има намалување на учестото на платите на вработените во јавниот сектор во вкупните расходи на државата.

Имено, највисоката точка се забележува во 2013 година со 22,37 проценти, и во 2016 година со учество од 21,71 отсто. Во 2020 година учеството е 17,17 проценти. Учеството е пониско од светскиот просек, што може да се гледа позитивно доколку е резултат на стратешки реформи и подобрувања на ефикасноста на вработените во јавниот сектор, без да се загрози квалитетот на јавните услуги. Меѓутоа, доколку помалото учество е резултат на потценети плати тоа може да доведе до недоволно финансирани јавни услуги и да влијае на квалитетот на управувањето.

Споредено со Србија и Албанија се увидува истиот тренд на намалување, и трите земји во последните 10 години се под светскиот просек на учество на плати – посочуваат од ЗМАИ.

Оваа анализа открива дека редовно вработени лица во јавен сектор, согласно податоците кои датираат од 2015 година согласно извештаите на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), покажуваат два тренда, едниот е постојано зголемување, а потоа обратно.

- Во период од 2015-2019 година, освен во 2017 година, има тренд на зголемување на вработувањата, а во период од 2019 година, со исклучок на 2021 година имаме намалување на бројот на вработени – укажуваат аналитичарите.

Притоа е утврдено дека најголем раст број на вработени во јавнот сектор има во 2018 година, кога бил забележан раст од дури 2,6 проценти во однос на претходната година.

Во 2016 и 2020 година, кога се парламентарните избори и во 2017 и 2021 година кога се одржуваат локалните избори, не се забележуваат одредени повторливи трендови. Имено, во 2016 и 2021 година кои се изборни години, има зголемување на бројот на вработените, но во 2017 и 2020 година истиот не се повторува, односно има намалување на бројот на вработени во јавниот сектор.

- Се забележува дека годината по парламентарните избори (ефектот од изборите во 2016 години се согледува во 2018 година, бидејќи Владата се формира во 2017 година), има зголемување на бројот на вработени во јавниот сектор – потенцираат аналитичарите.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката