18 Мај, 2024
0.0311

ПЛАТИТЕ НЕ СЕ МНОГУ АТРАКТИВНИ, АМА Е ПРЕТЕШКО ДА СЕ „ВЛЕЗЕ“ - нови огласи за државна служба, вработуваат Финансии, Собранието, ДКСК...

Објавено во: Македонија 28 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Не запираат вработувањата во јавниот сектор и во државните институции. Речиси секој ден или најмногу на два дена се распишуваат огласи за примање на кадри на веб страната на Агенцијата за администрација.

Не е познато дали новите вработувања се последеица на пензионирање или друг вид одлив на вработени од тие институции, кои сега би морале да се надополнат, или, пак, на непотребно трупање на нови службеници во јавниот сектор, кој иако е преброен, не може да се пофали со позначајна ефикасност.

Дури 17 нови луѓе ќе прими Министерството за финансии и тоа е последниот оглас објавен деновиве.

Прво, се бара советник за небанкарски институции, кој треба да има факултет од економската или правната област, и најмалку три години работно искуство во струката. За него е предвидено дека мора да биде Македонец, а ќе има плата нешто повисока од 26.000 денари.

Нешто повисока плата е предвидена за помошник раководителот на Секторот за финансиски систем, кој исто така треба да биде економист или правник, но да иманајмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватниот сектор. Ќе зема плата од безмалку 33 илјади денари, а исто така, треба да биде по националност Македонец, согласно годишниот план на институцијата за 2022 година.

Помлад соработник за прием и обработка на барања за плаќање и друга документација во трезорските канцеларии во Делчево, е третата работна позиција која е отворена во Финансии. Треба да има економски или правен факултет, но не мора да има работно искуство. Може да конкурира единствено Македонец, а за ова место нема атрактивна плата и таа изнесува само 22 илјади денари.

МФ бара и помлад соработник за изготвување на буџет и буџетска политика, кој треба да има факултет од економските науки, со или без работно искуство во струката. За почеток ќе ја зема истата ниска плата како и претходниот кадар што се бара од 22 илјади денари, а по етничка припадност исто треба да биде Македонец.

Таква плата е предвидена и за неговиот колега помлад соработник за изготвување на буџети на фондови, се наведува во огласот.

МФ бара и референт-писар, со средно образование и работно искуство од една година. Тој треба да биде Македонец, а неговата плата од 15 илјади денари, која патем е и пониска од минималната, не е многу мотивирачка.

Распишан е оглас и за самостоен референт за човечки ресурси. Треба да има вишо или средно и најмалку три години искуство. Наведено е дека ќе има плата од 16.495 денари, а треба да биде Македонец.

Но, во огласот има и малку поатрактивно работно место - раководител на одделение за задолжување и инвестирање, кој треба да има економски или правен факултет, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор. И тој треба да биде Македонец а ќе зема плата од близу 30.000 денари.

Натаму, се бараат советник преведувач, помлад соработник за информатика, помлад соработник за мрежна администрација, помлад соработник за исплата на буџетски корисници, виш референт за Струга, помлад соработник за работи поврзани со Владата, советник за сметководствени работи, самостоен референт – сметководител, како и советник за следење на наплата на побарувања.

Од нив четворица треба да бидат Албанци, тројца Македонци и еден Турчин. Платите ќе бидат од 15 па до над 26 илјади денари.

Вработувања ќе има и во Државната комисија за спречување на корупцијата. Во ДКСК се распишани огласи за 13 работни места, на веб страната на Агенцијата за администрација.

Се бараат советник за управување со човечки ресурси, советник за спречување на корупцијата во областа на законодавната и извршната власт и работата на правните субјекти кои ги формираат,советник за спречување на корупцијата во областа на работењето на органите за спроведување на законот, ЕЛС и ЈП формирани од нив,советник за спречување на корупцијата во правосудниот систем,советник за следење на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи,советник за следење на користењето и располагањето со буџетски средства за време на изборен процес,советник за антикорупциска проверка на легислативата од областа на јавните финансии,советник за антикорупциска проверка на легислативата од економската област,советник за јавни набавки, советник за комуникација и односи со јавноста, советник за информатичка технологија.

Од нив, шестмина треба да бидат Македонци, тројца Албанци, еден Ром и еден Турчин, а сите тие ќе земаат плата од 26.300 денари.

ДКСК бара и двајза раковоители, со подобри плати, односно 38 илјади и 30 илјади денари, од нив двајцата треба да бидат Македонци. Потчно, се бараат раководител на сектор за ИТ поддршка, општи работи, седници и односи со јавноста, како и раководител на одделение за стратешко планирање, соработка, проекти, аналитика и едукација.

Неодамна оглас за 11 вработувања распиша и Собранието. Платите ќе бидат зависно од квалификациите и позициите од 20 па до 31 илјади денари, а се бараат седум Македонци, тројца Албанци и еден Турчин.

Она што е прашање е дали за јавните установи некој воопшто ги гледа огласите, со оглед што за нив се знае дека без посериозни врски, обичен „смртник“ таму не може да помине.

Односно, како што неофицијално говорат кандидати кои немале значајни релации, кога ќе се пријавите на овие огласи, прво треба да положите два испита, и ако на нив ги добиете потребните бодови, потоа имате интервју, каде бодувањето е врз основа на субјективната оценка на членовите на Комисијата, и каде според сведочењата, свесно се поставуваат буквално неодговрливи прашања, токму со цел да се елиминираат тие пријавени лица за кои се нема намера да бидат вработени.

Н.Н.Ф.  

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?