ПЛЕН ОД ОКОЛУ 800.000 ЕВРА - невиден грабеж во Сански Мост, украдени 2 кеси
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2024
Во текот на ноќта помеѓу петокот и саботата непознат провалник или неколкумина од нив организирале кражба и грабеж на поголема сума на пари во приватна станбена зграда во населбата Здена кај Сански Мост.
Според неофицијални информации, во таа прилика биле украдени неверојатни 800.000 евра, а можеби и повеќе. Како што пренесуваат медиумите, парите наводно биле во две кеси.
Парите се на Сањанин, кој долги години живее и работи во САД, а моментално е на одмор во родниот град, пренесува „Независне“.
Во моментот на грабежот во куќата не биле сопствениците, кои веднаш откако дознале дека се случил грабежот пријавиле во Полициската станица Сански Мост, јавува Српскаинфо.
Истрагата за овој настан и потрагата по сторителите е во тек.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.