Добивај вести на Viber
Поради несоодветните етикети за дозата на активната супстанција во составот на лекот, „Плива“, во соработка со Агенцијата за лекови и медицински помагала на Хрватска, го повлекува од пазарот лекот Loquen 200 mg - сериски број 220.102, 726 023 и 100053.
Од „Плива“, односно носителот на одобрението за ставање на лек во промет Loquen таблети од 200 mg, информираат дека повлекуваат три серии Loquen 200 мг. Loquen припаѓа на класата на антипсихотици, и содржи активна состојка кветијапин.
"Одлуката да се повлечт овие серии од лекот е донесена поради неправилната етикета за доза на активна состојка во лекот на страничната страна од кутијата (100 mg), додека пак, етикетата на предната страна од кутијата е точна (200 mg), а таблетите содржат 200 мг кветијапин" - објавија од „Плива“.
Оттаму им се јавиле на болните на кои им биле издадени овие таблети од наведените серии, да ги вратат преостанатите количини во било која аптека.