По една година од пандемијата Камбоџа ја регистрира првата жртва од коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 11 Март, 2021
По една година откако почна пандемијата Камбоџа е земја која ја регистрира првата жртва од коронавирусот.
Почина 50-годишен маж кој бил заразен минатиот месец и работел како возач во кинеска компанија во крајбрежната провинција Сихануквил. Во Камбоџа досега се регистрирани само 1.163 случаи на коронавирус. Земјата почна кампања за вакцинација во февруари со 600.000 дози на кинеската вакцина Синофарм. Исто така, овој месец доби 324.000 дози од вакцината АстраЗенека, донирана и произведена од Индија.
Но, во земјата се појави нова епидемија. Како што соопшти Министерството за здравство, новата епидемија започнала со странски студент кој ја прекршил мерката за карантин и на почетокот на февруари го напуштил хотелот и отишол во ноќен клуб. Тоа предизвика нови случаи на зараза по што Владата на 20 февруари прогласи двонеделно затворање на сите училишта, кина, барови и забавни институции во Пном Пен. Оттогаш, камбоџанската Влада го продолжи затворањето за уште две недели за училишта, спортски сали, концертни сали, музеи и други објекти за забава во главниот град, но исто така и во блиската провинција Кандал и провинцијата Сихануквил. Министерството за здравство денеска објави дека се пријавени 39 случаи на локално пренесување на вирусот. Еден луксузен хотел во главниот град е претворен во ковид-болница со 500 соби. Во светот, починати од коронавирусот засега нема во Лаос, Доминика, Нова Каледонија, Самоа, Микронезија и други.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.