По итна постапка се гласа за законот за отпишување на долговите за ПИОМ
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2013
Пратениците ќе гласаат за предлог - Законот за мирување и отпишување на обврски по основ на придонеси за задолжително здравствено осигурување кои настанале до крајот на 2008 година, а кој вчера влезе во Собранието и се носи по скратена постапка.
Законот предвидува дека компаниите кои имаат неплатен долг за придонеси за задолжително здравствено осигурување настанат до декември 2008 година, сега ќе мирува. Според предлог законот тој долг на компаниите ќе биде ставен во мирување од 1 јануари 2013 година се до 31 декември 2015 година. Во периодот на мирување за долгот кој мирува не се пресметува камата, ниту се поведуваат постапки за присилно извршување на долговите.
Доколку во периодот од 2013 до 2016 година, компаниите редовно си ги плаќаат тековните обврски ово 2016 година во целост му се отпишува..
Во случај пак компанијата да не ги пресметува и уплаќа тековните обврски односно има два месеца последователно за доцнување ,се поведува постапка за наплата на долгот кој мирува.