17 Декември, 2025
0.2710

ПО ЈУЖЕН ТЕК: Русија ќе носи гас до турско-грчката граница, од таму – снаоѓајте се сами!

Објавено во: Балкан 08 Декември, 2014 21:27

Добивај вести на Viber

Доколку ги реализира најавите за стопирање на изградбата на гасоводот Јужен тек, Русија нема намера да гради нов гасовод низ балканскиот регион. Гасот ќе се доставува до големо складиште на турско-грчката граница, а од таму балканските земји ќе мора сами да бараат начини за снабдување. По конфликтот со Брисел околу Јужен тек, Москва сега има намера да го испорачува гасот до самата граница на ЕУ, а потоа ќе ги остави европските земји сами да бараат начин за да го продолжат снабдувањето. „Знаете, не можете да натерате некој да ве сака. Ако потрошувачот не сака стоката да му се испорачува дома, тогаш очигледно ќе мора да се облече и да оди во продавница, а на зима ќе мора дури и потопло да се облече“, објаснува првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер. Ова ги става веројатно во најнеповолна позиција балканските земји, на кои гасот ќе им биде толку блиску, а сепак толку далечен. Заради недостиг на финансиски средства за самостојно да градат гасоводи од други земји, па и заради голем број нерешени билатерални прашања, за нив може да биде исклучително тешко да се снабдат со рускиот гас, велат познавачите. Мали се шансите на земјите од регионот да се приклучат и на планираниот гасовод ТАП, кој ќе пренесува гас од Азербејџан преку Туција, Грција и Албанија до Италија, бидејќи тој уште е далеку од изградба, а и не е предвиден за доволни количества за снабдување на сите земји од Балканот. Можноста балканските земји да добијат гас од т.н. Северен тек исто така е неизвесна, бидејќи овој гас е речиси на максимум од своите капацитети, а приклучување кон него наајвија и Франција, Холандија и Велика Британија.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата